Дани Димитровска е модерна мајка - Го посети синот во Холандија и воодушеви со стилот додека се шеташе со Лазар
- Детали
- вторник, 02 декември 2025
„Долгите прошетки низ холандската калдрма ми се омилена активност… во чекорот со него. До него“ - напиша пејачката, која го посети Мастрихт со синот.

Пејачката Дани Димитровска е често во Холандија, а причината за тоа е нејзиниот син Лазар, кој живее таму веќе неколку години.
Лазар неодамна дипломираше на престижниот Универзитет за применети науки Fontys, кој е со седиште во Ајндховен.
А кога е во Холандија, Дани и Лазар истражуваат различни делови од земјата.

Овој пат, тие го посетија Мастрихт, од каде што пејачката објави неколку фотки и емотивна порака, полна мајчинска љубов.
„Долгите прошетки низ холандската калдрма ми се омилена активност… во чекорот со него. До него“ - напиша таа.
За прошетката, Дани избра впечатлив капут со интересен принт на грбот, жолти гумени чизми и кафеава шубара, од која дојдоа до израз нејзините сини очи.
Погледнете ги фотографиите:







А. Ј. | Црнобело