Сведоштва на Надалина и Санела кои го преживеаја пожарот во Кочани: „Од излезот ме делеше само еден чекор“
- Детали
- четврток, 04 декември 2025
„Другарките успеаја да излезат, јас не. Почнува напад на паника, се онесвестив. Последната слика што ја имам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат. Можеби потсвесно се обидувам да избришам сè што сум видела. Кога ги отворив очите, само знаев дека сум заглавена и дека морам да излезам“, раскажува 19-годишната Надица за кобната ноќ.

Страшниот пожар кој на 16 март зави многу семејства во црно и ја остави во болкка на целата наша земја, е една од најголемите трагедии кои ни се случиле.
А Надалина Грозданова (19) и Санела Давиткова (26) се две девојки кои го преживеаја хоророт во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Двете со изгореници на лицето и на рацете, скоро 7 месеци живеат со сеќавањата на страшниот кошмар кој го доживеале на кобниот 16 март. Но, сепак, имале среќа и останале живи.
Тие за Курир.рс, раскажаа дел од страотните моменти кои ги преживеале во дискотеката „Пулс“ кога загинаа преку 60 млади луѓе, а преку 200 беа повредени и одведени на лекување, дел во странство, дел кај нас.

Приказната на Надалина Грозданова
19-годишната Надалина била четврта година во времето на пожарот, во средното стручно училиште за хемија и технологија - ученик на генерацијата. Таа свири пијано, настапувала со училишниот оркестар и имала сон да запише медицина.
„Беше сабота, го славиме 19-тиот роденден на нашата најдобра другарка кај неа дома. А потоа ние пет отидовме на настапот на ДНК.
На почетокот сè беше нормално. Диџеј, па бендот. Преполно е, сме околу третиот ред од сцената. Се вклучува пиротехниката, но сè е вообичаено.
Не обрнуваме внимание. И потоа, во рок од една минута, пламенот е насекаде.
Брзаме кон излезот, единствениот, а сме повеќе од 600. Сите кон вратата. Преполно е.
Другарките успеаја да излезат, јас не. Почнува напад на паника, се онесвестив.
Последната слика што ја имам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат. Кога се освестив, сè беше темно.

Не бев ни свесна дека се случило нешто сериозно. Можеби потсвесно се обидувам да избришам сè што сум видела, да не памтам ништо.
Кога ги отворив очите, само знаев дека сум заглавена и дека морам да излезам. Хаос.
Не знам ни како успеав, ако ми верувате. Тоа е некоја виша сила, не е нешто што можеш да го направиш сам.
Се сеќавам дека поминав низ вратата, но на она што беше околу мене - не. Сè е избришано“, вели Надалина за кобната ноќ.
