Кафуле во Вевчани е вистинска новогодишна бајка - розово Фиќо, Дедо Мраз и многу подароци
- Детали
- среда, 10 декември 2025
Пред почетокот на празничната сезона, кафулето и препознатливиот простор пред него - розовото Фиќо и розовата телефонска говорница, блеснаа во новогогодишно руво.

Кафулето „Club ZI“ во Вевчани долги години е препознатливо по своето розово Фиќо, и е едно од омилените места за фотографирање на сите што ќе дојдат таму.

А неговиот изглед се менува секоја сезона. Сопствениците на кафулето, со многу љубов, го украсуваат со нова тема - есен, љубов, новогодишни празници...

Пред почетокот на празничната сезона, кафулето и препознатливиот простор пред него - розовото Фиќо и розовата телефонска говорница, блеснаа во новогогодишно руво - врз автомобилот стои елка со многу големи розови подароци, во говорницата е нацртан ликот на Дедо Мраз.

Тука се и останатите украси - розови лампиони и розови машни, голем Дедо Мраз пред влезот, но и шолјите за чај и топло чоколадо во празничен стил, со празнични мотиви и божиќни колачиња.

Погледнете фотки од новогодишната бајка во Вевчани:



