Денес се празнува Св. Никола Чудотворец – кои обичаи треба да ги следат тие што имаат куќна слава?

Денес се слави најчестата слава во македонските домови, Св. Никола - храната треба да биде подготвена ден однапред, домаќините треба да скршат славски колач и да ги понудат гостите со пченица, а се верува дека и треба да се даруваат најмладите, бидејќи приказната за Дедо Мраз потекнува од дарежливоста на Св. Никола. 

denes-se-praznuva-sv-nikola-koi-obichai-treba-da-gi-sledat-tie-shto-imaat-kukjna-slava-1.jpg

Свети Никола е најчестата слава во македонските домови. Се верува дека овој светец е заштитник на домот и на сиромашните, а именден слават: Никола, Коле, Николај, Ники, Николина...

Православните христијани на 19-ти декември го слават празникот Свети Николај Чудотворец. Вечерта помеѓу 18-ти до 19-ти се подготвува посна вечера, наречена „заслуг“ 

Во православната вера, славите се молитвено прославување на еден светител, кој се води како личен, или заштитник на семејството и на домот.

На овој ден, семејството, заедно со гостите, го величаат светителот кој го штити домот во кој се слави празникот.

se-slavi-sveti-nikola-chudotvorec-zashtitnik-na-domot-i-na-siromashnite-03.jpg

Што треба да правите доколку денес празнувате во вашиот дом или сте поканети на куќна слава?

Домаќините ги собираат своите најблиски на посна трпеза, а не треба да заборават дека ова е духовен настан, кој треба да се одбележи со молитва, вера и почит, а не да се смета за прослава од друг тип.

За Св. Никола трпезата е секогаш посна, но важно е да се запомни дека не треба ниту домаќините ниту гостите да се прејадуваат или препиваат, туку да бидат умерени.

На трпезата треба да се послужи славска погача, која домаќините ќе ја скршат и ќе ја понудат на секој од гостите, заедно со варена пченица, која исто така ќе им ја послужат на гостите пред да посегнат по другото јадење. 

denes-se-praznuva-sv-nikola-koi-obichai-treba-da-gi-sledat-tie-shto-imaat-kukjna-slava-04.jpg

Исто така, се верува дека храната која се служи на овој празник, треба да биде подготвена ден претходно, а во домот не треба да се прави ништо друго ден пред и по славата

denes-se-praznuva-sv-nikola-koi-obichai-treba-da-gi-sledat-tie-shto-imaat-kukjna-slava-05.jpg

На трпезата домаќините одлучуваат што друго ќе послужат освен славскиот колач, пченицата и црвеното вино, може да има посна сарма, риба, гравче, пита, салата, макала и други мезиња.

denes-se-praznuva-sv-nikola-koi-obichai-treba-da-gi-sledat-tie-shto-imaat-kukjna-slava03.jpg

Св. Никола се смета за заштитник на најмладите, па многумина практикуваат да ги даруваат децата и помладите со скромни подароци, како овошје, слатки или некоја ситна играчка, за да се задржи духот на љубовта, радоста и вниманието кон најблиските.

Се верува дека традицијата за Дедо Мраз потекнува токму од приказната за Св. Никола, кој скришно им носел подароци на децата, ноќта во очи на неговиот празник.

denes-se-praznuva-sv-nikola-koi-obichai-treba-da-gi-sledat-tie-shto-imaat-kukjna-slava--.jpg

Свети Никола бил син единец на своите богати и угледни родители, Теофан и Нина, и живеел во градот Патара во Ликија.

Затоа што им бил син единец, даруван од Бога, тие одлучиле детето својот живот да му го посвети на Бога.

Знаењето за духовниот живот Никола го стекнал преку својот чичко Николај, епископот Патарски и се замонашил во манастирот „Новиот Сион“, а по смртта на своите родители, целиот свој имот го раздал на сиромашните и ништо не задржал за себе.

Затоа, денес се смета дека Свети Никола е заштитник на домот, на сиромашните и кај нашиот народ многу често се слави како куќна слава. За неговото име се врзувале легенди дека тајно ги дарувал сиромашните, често оставајќи пари во чорапи или во чевли.

Исто така, се верувало дека Свети Никола многупати ги спасувал изгубените бродови, па затоа се смета за заштитник на морепловците, рибарите и бродовите.

denes-se-praznuva-sv-nikola-koi-obichai-treba-da-gi-sledat-tie-shto-imaat-kukjna-slava06.jpg

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Ева Нединковска со фотки од свршувачката: „Пред него, мислев дека е сила да успеваме јас и ќерката с... „11.4.2026, сабота пред Велигден. Наш ден, веридба. Ден за ветување, посветување...
Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталн... „Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализи...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Јелена Карлеуша со нов напад против Цеца: „Оди кај гатачки и бајачки со мои фотографии, а тие жени м... „Нејзината опсесија е толкава претпладне кај бајачка, а навечер во храм на молит...

Најчитани неделава