Миа Костова славеше Св. Никола - овој пат дома со семејството, по прославите во ресторани низ годините
- Детали
- петок, 19 декември 2025
Миа често вели би сакала да ги покани гостите за слава дома и дека тоа ќе го направи дури кога ќе има свој дом - а годинава славеше Св. Никола со семејството во станот во кој се пресели пред неколку месеци.

Миа Костова години наназад слави Свети Никола - секогаш со многу гости, музика и храна, во некој скопски ресторан.

Таа секогаш вели би сакала да ги покани гостите дома и дека тоа ќе го направи дури кога ќе има свој дом.

Миа вчера славеше Св. Никола во новиот стан во кој се пресели пред неколку месеци, и напиша дека годинава слави само со семејството.

Постави трпеза за четворица, а на Инстаграм Стори, каде што објави дел од атмосферата.
„Годинава во кругот на семејството. Внимавајте на вирусот ако сакате да славите Нова година. Чувајте се“ - напиша таа.

На трпезата, освен славската погача, имаше и риба, компир салата, посна пита, гравче тавче...

А. Ј. | Црнобело