Васил Гарванлиев слави Божиќ со сопругот - Носат исти пижами, две елки во домот во Чикаго
- Детали
- петок, 26 декември 2025
„Колку сме благодарни на секој еден од вас што е дел од нашите животи. Ви посакуваме прекрасна празнична сезона“ - напиша Васил и објави неколку фотографии од домот во Чикаго.

Нашиот пејач Васил Гарванлиев, кој веќе неколку години живее во Чикаго, го прослави католичкиот Божиќ со сопругот Џејсон.

Тој објави фотки од нивниот раскошен дом, во кој има две елки. Едната е во дневната соба и на неа доминираат црвени машни, а другата е со посмирени тонови, со бели и неколку црни лампиони.

На фотките, Васил и Џејсон носат исти зелени пижами, а покрај нив се и нивните миленици - две кучиња и една мачка, па и тие позираат за празничната фотосесија.
„Немам зборови… колку е вредна оваа слика (или се обидувам да направам една совршена) и колку сме благодарни на секој еден од вас што е дел од нашите животи. Ви посакуваме прекрасна празнична сезона“ - напиша Васил.
Прочитајте и На гости кај Васил Гарванлиев во Чикаго: „Живееме во елитна населба, куќата има 7 спални соби, базен, мини кино и теретана“
Погледнете уште неколку фотографии:




А. Ј. | Црнобело