Мотоциклистот Христијан Бузалковски и пријателите собраа 1.600 пакетчиња за деца од ранливи категории: „Секој заслужува среќа“
Идејата дојде сосема непланирано. Сметам дека кога Бог нешто ни дарил на нас, тоа не е случајно и дека треба и ние доколку можеме да направиме нешто плус, но и тоа да го правиме со цело срце и со искрена намера.
Па веќе 3 години пакетчињата ги собираме заедно со отец Методија од црквата Св. Петар и Павле, и мислам дека пораката многу убаво допира до луѓето.
Пакетчињата ги делиме како што се собираат, бидејќи хуманите граѓани донираат многу и буквално не можеме да постигнеме.
На почетокот нè фати малку паника бидејќи не очекувавме толку многу пакетчиња! Но, се гордееме со постигнатото“, вели мото-шампионот за CRNOBELO.com.

Во оваа убава претпразнична акција се вклучија и Таско и Бобан Илиоски, кои, ни кажаа дека ќе продолжат да помагаат и во наредните години, а ова е само почеток.
„Вклучувањето во акцијата за мене беше една од работите кои ми ја направија 2025-та.
Многу е убаво чувството кога даруваш среќа на луѓето и за момент сè е како што треба да биде.
Искрено, првпат сум дел од оваа акција, меѓутоа планирам да сум дел секоја година“ - ни кажа Таско.

Бобан, пак, за CRNOBELO.com вели:
„Ова ми е прва година како дел од акцијата и се чувствувам навистина прекрасно, зашто заедно со Бузо (Христијан) и со поддршка од отец Методија, разговаравме и ја реализиравме целата иницијатива.
Особено ми го стопли срцето моментот кога делевме пакетчиња во затворот во Шуто Оризари, за родителите да ги изненадат своите деца и да почувствуваат дека не се заборавени, дека секој може да погреши, но и дека секој заслужува поддршка.
Сето ова ме прави среќен и благодарен што сум дел од оваа приказна и верувам дека со големата хуманост и донациите собрани преку црквата, во иднина ќе правиме уште поголеми добри дела таму каде што е најпотребно“.

Погледнете го видеото со дел од донациите во пакетчиња:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело