Македонската Барби на Малдиви, по запросувањето во Дубаи: „Дами, ви посакувам огнен љубовник и чанта Hermès со кеш“
- Детали
- недела, 04 јануари 2026
Верица Китанова од Струмица, го покажа фит телото во бикини од Кјара Ферањи, а потоа испрати уникатна честитка: „Дами, ви посакувам минус 10 килограми, фармерки што стојат како сон, викенди покрај море...“

Долгоногата русокоса убавица Верица Китанова од Струмица, која поради русата косата и тенкиот струк го носи прекарот „македонската Барби“, на крајот од 2025-та беше запросена на јахта во Дубаи од саканиот, чиј идентитет не го открива.

Таа за CRNOBELO.com откри само дека нивниот заеднички живот го градат во Лондон, паралелно со активните професионални ангажмани.
По запросувањето во Дубаи, таа со саканиот продолжи на Малдиви.

Оттаму објави фотки во бикини, меѓу кои оние со дезен око се од колекцијата на италијанската блогерка Кјара Ферањи.

Оттаму Верица испрати уникатна новогодишна честитка до сите девојки и жени што ја следат на социјалните мрежи.

Верица напиша:
„Дами!
Во прекрасната 2026-та сакам да споделам неколку искрени желби - без она генерично „среќа, кариерен успех“.
Ви посакувам неверојатни потпетици, одличен с*кс, минус 10 килограми, огнен љубовник, брчки само од смеа, бронзен тен, холивудска насмевка, фармерки што стојат како сон, чанта Hermès Birkin со кеш внатре и викенди покрај море.
Нека здодевните ви го посакаат останатото!“.
