Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, зошто глумите?“

Не знаете колку личности ги познавам во живо и колку ги познавам на телевизија, на интернет, и колку тие две немаат врска едно со друго.
Луѓе што споделуваат хуманитарни акции, споделуваат други профили во знак на поддршка, а всушност до вчера ги озборувале. Кога ќе размислите, во вашиот живот сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност се ужас.
Ама, нели, ние мора да се претставиме во најдобро светло? Не!
Колку сум алергична на такви луѓе. Кога ќе се појави некоја што си го живее животот и не се заморува со тие општествени правила и норми всушност се фејк и не постојат – затоа што не се заморува, затоа што има живот за живеење, затоа што има соништа за исполнување, затоа што си го тера својот филм… Е, тие!
Или кога си го барала вниманието, а дома ти кажале дека тоа не е добро.
Можеби си „јадела“ некоја шлаканица, можеби те казнувале на некој начин и си сфатила дека вниманието не е добро.
И кога зборувам за внимание, не мислам да застанеш на сцена и целиот свет да те гледа, не. Едноставно, вниманието што мислиш дека го заслужуваш.
Секој од нас мисли дека може, дека знае, а никој тоа не го вреднува. Тоа внимание, разбирате?
Некој ни тоа не го добива, па сега сите други што го добиваат се „too much“ (премногу).
Таа е толку полна со себеси, што е засрамувачко.
Не е ништо засрамувачко, само ти се плашиш да си го живееш својот живот. Ти мислиш дека го живееш, ама не.

Пазете ова: на социјалните мрежи има жени што кажуваат дека не сакаат деца и си даваат аргументи зошто немаат деца.
И одеднаш ќе се појави некоја и ќе каже: „Леле, оваа сака да нема деца, тоа е себично, таа нема поим што значи да се биде мајка“. Веднаш осуди.
Толку сте научени дека мисијата на жената е репродукција – да раѓа деца, да работи дома, да чисти, да мете, да пере и да раѓа деца.
И сега се појавила некоја што има право да не сака деца. Има право. Како што ти имаш право да сакаш деца, така таа има право да не сака. Со дрво и со камен по таа жена.
Овој пример го кажувам затоа што вчера гледав едно видео од Американка, а коментарите… да не зборувам.
И пак се враќам на муабетот дека многу се глуми само за поени.
Сакам да ве прашам: Дали јас грешам? Можеби јас бладам нешто? Или навистина е така? Дали другите живеат живот за да се вклопат во некои општествени правила, рамки и норми?
Живеат живот затоа што „така треба“, за да им се допаднат на другите, сите да ги сакаат, да бидат љубезни, а всушност го пропуштаат сопствениот живот.
Не го живеат својот живот затоа што се научени дека мора на сите да им угодуваат. Затоа подоцна се несреќни и исфрустрирани. Логично, нели?
Јас, на пример, не сум дојдена тука да живеам туѓ живот.
Сакам да го живеам својот. И по цена да бидам осудена.
Затоа што луѓето што го живеат својот живот паѓаат во очи. Нормално - тие се надвор од рамката, надвор од општествените правила, кои се измислени и глупи. Не знам“.
Погледнете го нејзиното видео на ТикТок:
@jelenaspendzarska Чекам ваши мислења
♬ original sound - Jelena 🫧
С. С. | Црнобело
