Каролина Гочева издоминира со стајлинг од тантела во жирито на „Никад није касно“ (фото+видео)
- Детали
- четврток, 08 јануари 2026
„Најголемиот сон си го остварив рано во животот – тоа е музиката“, вели Каролина Гочева, а на тема љубовта со Михаил Корубин: „Тоа беше пред десетина години, преку заеднички пријатели, Скопје е мал град, но тука беа и социјалните мрежи да ја протуркаат работата“...

„Бев гостин жири во познатото тв шоу „Никад није касно“. Ви благодарам на поканата, уживав со вас, до следен пат“, напиша Каролина Гочева на својот Фејсбук профил по гостувањето во познатото музичко шоу, каде се појави во стајлинг од Јована Зука.

Таа на спектакуларен начин ја отвори првата емисија „Никад није касно“, во новата 2026-та година, каде за првпат гостуваше како член на жирито.
Првата песна што ја отпеа на самиот почеток беше нејзината нова песна „Мог живота дио“, емотивна балада со која Каролина ги воодушеви сите припаднички на понежниот пол.

Веднаш по неа, Гочева изведе и еден од своите најголеми хитови, исто така прекрасната балада „Више се не врачаш“, а публиката пееше во еден глас заедно со Каролина.

Каролина пренесе чиста уметност и емоција, а пејачката му изрази огромна благодарност на оркестарот.
„Бевте одлични, и момците и девојките. Ова го изведовме одлично иако имавме само една проба тука“.

Инаку во интервју по емисијата, Каролина изјави: „Најголемиот сон си го остварив рано во животот – тоа е музиката“, а на тема љубовта со Михаил Корубин: „Тоа беше пред десетина години, преку заеднички пријатели, Скопје е мал град, но тука беа и социјалните мрежи да ја протуркаат работата“...
