Катарина топлес на плажа, Каролина први фотки со сопругот - Ретро фотки од 2016-та се тренд на Инстаграм
- Детали
- петок, 16 јануари 2026
„Гледам по Инстаграмов 2026-та била новата 2016-та… Па, според сликиве што ги ископав - воопшто не би ми сметало“, напиша Каролина и објави фотки направени пред една деценија, а кои никогаш претходно не ги споделила.

Почетокот на 2026-та година донесе нов тренд на Инстаграм - објавување фотографии направени пред една деценија, во 2016-та година.
Овој „предизвик“ ненаметливо се појави и кај нас, а меѓу првите кои објавија фотографии стари 10 години се Каролина Гочева и Катарина Ивановска.

Во својот „серијал“ Каролина сподели фотографии во бикини, од внуките, со мајка ѝ, од патувања...
Но, тука се и неколку фотки со сопругот Михаил Корубин, кои досега не ги објавила јавно, а кои се направени на почетоците на нивната љубовна приказна.
„Гледам по Инстаграмов 2026-та била новата 2016-та… Па, според сликиве што ги ископав - воопшто не би ми сметало“, напиша таа.


За разлика од неа, Катарина повеќе се фокусираше на фотографии од времето кога беше на врвот на кариерата, патуваше низ светот, имаше фотосесии..
Но, меѓу фотките е и една каде што е топлес на плажа заедно со Александра, сопругата на актерот Атанас Атанасовски, но и од маскенбал на која потсетува на контроверзниот музичар Мерилин Менсон.
„Трендот вели 2026-та ќе била како 2016-та. Јас велам, може“, напиша Катарина.


