Кирил Колемишевски, поранешен член на Нокаут: „Дали Македонците можат да купуваат станови во Шпанија?“
- Детали
- четврток, 22 јануари 2026
„Да. Можат. Без жителство, без посебни дозволи и без никакви забрани. Само треба да се знае како оди процесот и кои се реалните трошоци, затоа што тука најчесто се прават грешките. Еве кратко објаснување што ти треба за да купиш...“, вели Кирил Колемишевски, кој веќе речиси 5 години живее во Канада и се занимава со бизнисот на недвижнини.

Кирил Колемишевски, некогашниот член на Нокаут, веќе речиси 5 години живее во Канада и се занимава со бизнисот на недвижнини.
Тој е на релација Канада - Македонија и емотивно ги доловува сите тешки, но и убави аспекти на ваквиот начин на живот.
Таму живее со сопругата и двете деца.
Сега, на неговиот Фејсбук профил тој сподели корисни информации на тема недвижнини, но во Шпанија, и насоки дали и како Македонците можат да си купат имот таму.

Неговата објава гласи:
„Дали Македонци можат да купуваат недвижности во Шпанија?
Да. Можат. Без жителство, без посебни дозволи и без никакви забрани.
Само треба да се знае како оди процесот и кои се реалните трошоци, затоа што тука најчесто се прават грешките.

Еве кратко објаснување што ти треба за да купиш:
NIE број, тоа е идентификациски број за странци
Банкарска сметка во Шпанија
Адвокат, не е задолжително, ама е паметно
Пари за капар и даноци

Како оди купувањето:
Прво избираш имот
Се плаќа резервација, неколку илјади евра
Потоа се потпишува arras договор и се плаќа околу 10 проценти капар
На крај потпис кај нотар, нотарот го спроведува тоа во катастар и имотот е твој
Ако ти се откажеш, капарот го губиш
Ако продавачот се откаже, ти враќа двојно.

Реални трошоци во Андалузија:
Ова е делот што најчесто не го кажува никој:
За стар имот:
ITP данок 7 проценти
Нотар и катастар околу 1.500 евра
Адвокат околу 1 процент од цената
Сметај вкупно 9 до 11 проценти над цената
За нов имот:
ДДВ 10 проценти
AJD околу 1.5 проценти
Вкупно околу 12 до 13 проценти
