Ирина и Павле Камилоски на одмор во Златибор со децата - Павле пие вино со заспаниот син во раце
- Детали
- вторник, 27 јануари 2026
Ирина блеска во друштво на своите сакани, а малата Лена спие во нејзина прегратка додека се возат на жичница. Додека Јосиф од соседната страна е во рацете на тато.

Ирина и Павле Камилоски го избраа Златибор како дестинација за зимски одмор со децата.
Од санкање до играње во игротеки и заеднички ручеци во ресторани, целото семејство ужива таму.

Ирина за оваа пригода избра зимски аутфит со бела јакна и чизми.
Малите Јосиф и Лена ја користат секоја пригода за да дремнат на чист воздух, па дури и кога станува збор тоа да е во рацете на мама и тато за време на возење на жичница или пак додека се во ресторан на вечера, каде на една фотографија Павле пие вино, а Јосиф мирно си спие во неговата прегратка.



Повеќе фотографии од Златибор:



