Јелена Спенџарска и Марис беа во кафуле во Египет каде што одат локалци - Мораа да се соблечат боси на чергите
- Детали
- среда, 28 јануари 2026
„Одиме во традиционално кафуле во Хургада, не каде што одат туристи, туку каде што одат локалци. Ах, и ние ли треба да се соблечеме боси...?“, коментираат Јелена и Марис на Инстаграм, додека доловуваат како изгледа место каде излегуваат локалци во Египет.

Јелена Спенџарска и Maрија Илиев - Марис периодов престојуваат во Хургада за каде се шегуваат дека еден ден се секси девојки во бикини, друг изгубени Германци, а трет истражуваат како живеат локалците.

Јелена за ова патување вели:
„Прекинат мојот ‘пензионерски’ живот со едно патување во Египет и да ви кажам искрено ИЧ не е лошо. Не се жалам.
Температура топ, луѓето супер, ресортите лудило… не знам зошто порано не сум дошла?!?
Ама годинава сум решила - или сум дома ДОМА, или во странство, трето нема“.
Инаку, во истражувањето на животот на локалците клучна им беше и посетата на едно кафуле во Хургада, каде воопшто не одат туристи туку само локалци. Станува збор за локалот „El Khema Shisha Cafe“.

Со помош на туристички водич, кој зборува српски јазик, тие стигна таму, но на самиот влез мораа да ги собујат чевлите за да влезат внатре.

Целото кафуле е прекриено со черги, па дури и местата за седење, кои се навистина ниско на подот.

Има и телевизор, но и мачки и куче кои се релаксираат во оваа опуштена атмосфера.



