Кристијан од Штип ја запроси саканата во Штутгарт: „Пред 8 години не ни успеа, сега се споивме пак и ја запросив по 6 месеци врска“

Договорот беше да се прошетаме и да седнеме во некој убав ресторан за после тоа да се прослави.

Снаата и мојата девојка заминаа да шетаат сами додека јас и брат ми отидовме да најдеме паркинг за автомобилот.

Тука моравме да ја излажеме дека не сме нашле брзо паркинг и затоа нè немало подолг период, поради тоа што телефонот ѕвонеше непрестајно зошто толку време не сме биле со нив.

Снаа ми знаеше но мораше да лаже и да се преправа дека и таа е нервозна и да прашува по телефон каде сме досега.

kristijan-od-shtip-ja-zaprosi-sakanata-vo-shtutgard-pred-8-godini-ne-ni-uspea-sega-se-spoivme-pak-i-ja-zaprosiv-po-6-meseci-vrska-10.jpeg

Прстенот пред да тргнеме од Македонија некако успеав да го спакувам меѓу алиштата во куферот, додека пак, кога стигнавме одма го предадов на снаа ми да го скрие.

Интересно беше тоа што кога одевме на шетање, кога воедно требаше да се случи и целиот чин, јас го имав прстенот во џеб во капутот и цело време се плашев да не го забележи.

kristijan-od-shtip-ja-zaprosi-sakanata-vo-shtutgard-pred-8-godini-ne-ni-uspea-sega-se-spoivme-pak-i-ja-zaprosiv-po-6-meseci-vrska-08.jpeg

Таа е таква слатка мала зимурлива и нонстоп раката ја става во мојот џеб, но за среќа добро поминавме и сè беше прекрасно.

Трема имав премногу, исто така и возбуда, цело време се вртев и го прашував брат ми дали доаѓаат, дали го гледа некаде помеѓу луѓето.

kristijan-od-shtip-ja-zaprosi-sakanata-vo-shtutgard-pred-8-godini-ne-ni-uspea-sega-se-spoivme-pak-i-ja-zaprosiv-po-6-meseci-vrska-09.jpeg

Не беше тешко да се направи мало, а слатко изненадување, доволно да израдуваш некого.

Организацијата траеше неполни 2 дена, а плановите што и каде да биде ги направив 2 недели пред да дојдеме во Германија.

kristijan-od-shtip-ja-zaprosi-sakanata-vo-shtutgard-pred-8-godini-ne-ni-uspea-sega-se-spoivme-pak-i-ja-zaprosiv-po-6-meseci-vrska-07.jpeg

Нејзините реакции беа преслатки, со солзи доаѓаше накај мене, што нè расплака и сите околу.

Одговорот го добив уште одма, низ солзи и насмевки, ова чувство е едно од најубавите во животот, верувам кој осетил знае“.

kristijan-od-shtip-ja-zaprosi-sakanata-vo-shtutgard-pred-8-godini-ne-ni-uspea-sega-se-spoivme-pak-i-ja-zaprosiv-po-6-meseci-vrska-06.jpeg

М. М. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Бобан од Куманово ја запроси Јована за време на авионски лет кон Германија, со помош на стјуардесите... „Имам брат и снаа кои живеат во Германија и се имавме договорено да oд...
Миа Костова со синот: „Пред 10 години во Охрид со старките за кои собирав пари и ги носев само ако з... Миа Костова за тоа како се справувала како самохрана мајка и го растела Андрија ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Вело Марковски е 35 години постар од сопругата - Наши и регионални парови со голема разлика во годин... Лазар Ристовски по разводот повторно најде љубов и тоа со актерка која е скоро 4...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...

Најчитани неделава