Викторија Лоба со моќна порака: „Земаш телефон и се споредуваш со цел свет, па си мислиш ‘Не сум доволно добра’“

„Сите нешто трчаат, заработуваат, патуваат, медитираат, учат, готват, успеваат. А во глава ти никнуваат мисли: „Не сум доволно добра”, „каснам” и други глупости. И не, ова не е за завист. Ова се нереалните стандарди и човештвото ставено во маратон без пауза“, напиша Лоба во својата силна порака.

viktorija-loba-so-mokna-poraka-01.jpg

Нашата пејачка и инфлуенсерка Викторија Лоба со години е во центарот на вниманието на јавноста, без оглед дали станува збор за нејзиниот приватен живот или за кариерата.

Луѓето ги интересира каде е, со кого, што прави, ја прашуваат за совети, ја следат кога промовира нова песна или моден бренд.

viktorija-loba-so-mokna-poraka-05.jpg

Дури и во моментите на оддишка, кога ќе отиде на скијање или на плажа, секогаш е тука некаде, низ социјалните мрежи, а илјадници луѓе го следат секој нејзин чекор.

Токму затоа нејзината последна објава на Инстаграм, во која вели дека не треба да се споредуваме со совршените животи на ѕвездите и луѓето што ги гледаме скролајќи по социјалните мрежи, туку да си дадеме оддишка и да бидеме свои, ги изненади нејзините следбеници.

viktorija-loba-so-mokna-poraka-03.jpg

Викторија испрати моќна порака, која гласи:

„Кога бевме деца, не знаевме што е споредба. Имавме игра, живот и важни работи, а не туѓи животи за анализирање.

Денес? Го земаш телефонот наутро, напладне, навечер… и несвесно се споредуваш со цел свет одеднаш.

Не со комшијата. Не со „совршената“ ќерка на другарката на мама, туку со мета вселени како инфлуенсери, блогери, нови ѕвезди итн.

И сите нешто трчаат, заработуваат, патуваат, медитираат, учат, готват, успеваат.

А во глава ти никнуваат мисли: „Не сум доволно добра”, „каснам” и други глупости.

viktorija-loba-so-mokna-poraka-02.jpg

И не, ова не е за завист. Ова се нереалните стандарди и човештвото ставено во маратон без пауза.

Понекогаш дури и кога сакаш да застанеш тоа ти изгледа страшно, како една пауза да ќе те фрли неколку чекори наназад.

Ама не е така. Пауза не е слабост. Паузата е рестарт.

Најголемиот напредок доаѓа кога гледаш внатре, кога слушаш што ти реално сакаш, а не што алгоритмот сервира.

Во овој свет веќе постои една Хајли Бибер и една Бејонсе.

А ти си своја единствена, неповторлива и неспоредлива. Е ова сакав да ти го кажам“.

viktorija-loba-so-mokna-poraka-04.jpg

Погледнете ја објавата на Викторија:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Викторија Лоба во ретка пригода проговори за односот со татко ѝ: „По разводот на моите, не бев толку... Викторија Лоба е родена во градот Таганрог, родното место на познатиот руски пис...
Ангела од Скопје со силна порака за мајките кои мислат дека не прават доволно: „Ако нахрани, прегрна... „Ајде да го преброиме тоа невидливото што го правиш, а што не го гледаш… ако нах...
Викторија Јаначковиќ: „Жените денес, за жал, сакаат да покажат дека се големи 'џекови'“ „Жени кои немале лошо искуство, кои биле сакани од посилниот пол, немаат потреба...
Јелена Спенџарска изреволтирана: „Пред камери мед и млеко им тече од уста, тие се најчесни - Луѓе, з... „Сигурно познавате личности што пред вас се „ми-ми-ми“, „хи-хи-хи“, а всушност с...
„Четирипати си ги пакував куферите, знаев дека аферата за сопругот е измислена“ - Тијана Дапчевиќ ис... „Имаше кризи. Расправиите биле за глупости, за тешки глупости. Кога се пакував, ...
Ана, техничар за нокти од Скопје: „Работиш 8 часа минимум, без пауза, 7-мо кафе веќе оладено, грбот ... Што мислат за оваа професија луѓето: „Не може да ти биде напорно, седиш по цел д...

Најчитани неделава