6 локали за храна во Крушево – вкусни специјалитети, ентериер со спомени со Тоше Проески
- Детали
- среда, 11 февруари 2026
Ресторан Шапе – постои од ’82 година, има уникатен ентериер со ѕид на спомени со Тоше Проески и вкусна храна. Пицерија Скар – во срцето на Крушево, каде ќе пробате разни крушевски специјалитети. Најдобрите ресторани и локали со вкусна храна во Крушево.

Крушево е единствениот планински град во Македонија, со 1.220 метри надморска височина и се наоѓа во западниот дел на нашата земја.
Познат е по својата историја, староградската архитектура, споменикот Македониум и прекрасната природа, но исто така, засекогаш останува запомнет како градот каде што порасна нашиот ангел Тоше Проески.
Неговата семејна куќа ден-денес се посетува однадвор, а токму во Крушево е и неговото вечно почивалиште како и спомен-куќата.
Дефинитивно е град кој вреди да се посети, не само еднаш, а доколку сакате да направите викенд-прошетка, ви предлагаме и неколку кафеани и локали каде може да вкусите одлична храна.
Голем дел од нив постојат со децении, имаат уникатен ентериер, одлични специјалитети, како и ѕид на спомени со Тоше:
Пицерија Скар
Ресторан Шапе
