Андреј од ДНК денес ќе наполнеше 44 години - Сопругата со емотивна фотографија на првиот роденден по смртта
- Детали
- понеделник, 09 февруари 2026
Да беше жив, Андреја Ѓорѓиески, или само Андреј од ДНК, како што го викаа сите пријатели и фанови, денес (09.02) ќе наполнеше 44 години.

Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на Андреј од ДНК, ретко споделува спомени со својот сакан сопруг, откако го загуби во трагедијата во Кочани на 16 март минатата година.
На првиот роденден по неговата смрт, таа сподели фотка од плажа, направена на зајдисонце - Андреј стои во далечината, а зад него е големо небесно пространство.

Наталија, објавата на Инстаграм Сторис, ја дополни со песната „Север и југ“ од ДНК.
„Твојот роденден“, напиша Наталија во пораката и ја дополни со емотикон од пар кој се прегрнува и бел гулаб што лета.

Порака во објавата на Наталија остави и Маја, сопругата на Панчо.
„Душа златна, пред да се породам со Андреја го славевме роденденот негов. Ахх, бре животе!“, напиша таа.
Да беше жив, Андреј денес ќе наполнеше 44 години.
За потсетување, Андреј и Наталија скоро 10 години беа во брак.

Се запознале случајно во бутик во кој работела таа, почнале да комуницираат преку социјалните мрежи и Андреј ја поканил на состанок.
Тие ја имаат ќерката Јана (10).
Прочитајте и Храбар до последниот здив, хуманитарец во душа - Сеќавање на Андреј Ѓорѓиески од ДНК
А. Ј. | Црнобело