Кристина Димитри за синот (8) со Даниел Кајмакоски: „Таткото не треба да заборави дека е биолошки татко“
- Детали
- вторник, 10 февруари 2026
По киднапирањето на Даниел, неговата втора сопруга Марина Кајмакоска даде прва изјава: „Што да ви кажам, сите сме под стрес. Даниел сега е добро, закрепнува и е тука со нас, поради истрагата не смееме ништо да зборуваме. Сè е пренасочено кон адвокатот“. Инаку, кратко пред немилиот настан неговата прва сопруга Кристина Димитри во ТВ гостување проговори за односот со него...

Кристина Димитри гостуваше во емисијата на Снеже Велков „Нешто конкретно“, каде покрај другите работи проговори и за родителските обврски околу нејзиниот син Давид (8), кој го доби од бракот со Даниел Кајмакоски.

Кристина во емисијата вели:
„Таткото не треба да заборави дека е биолошки татко.
Јас многу добро паметам со кого бев, но да, сè е до родителот“.
На прашањето од Снеже: „Kристина дали го применуваше правилото да не се расправте пред малиот?“, Кристина вели:
„Другата страна не го сфати тоа и затоа и се разделив.
Сакав моето дете да расте во здрава средина и моето дете сега полни 9 години и е со здрава психа, насмеан, среќен и нема допирна точка со ништо што е лошо.
Мислам дека тоа треба да е мисија на секој родител“.
Таа за улогата на мајката вели:
„Мислам дека мајката е пример во едно семејство. И јас кога бев во брак, мајка ми беше со мене на телефон, ме учеше што како треба затоа што млада се омажив - од 17 години бевме заедно, а од 19 во брак.
Научив сè да приготвувам и има една анегдота кога бившиот се пошегува ‘Сега на мене се учиш, еден ден на некој ќе му спремаш топ’.
Сам испрати порака до универзумот, не е до мене“.
