Кристина Димитри за синот (8) со Даниел Кајмакоски: „Таткото не треба да заборави дека е биолошки татко“
Според пишувањата во српските медиуми, Даниел пред полицијата изјавил дека киднаперите комуницирале на англиски и турски јазик. Со закана со пиштол барале некој од членовите на неговото семејство или пријатели да обезбеди 20.000 евра, во спротивно, според наводите на Даниел, киднаперите ќе му наштетеле нему и на членовите на неговото семејство, со тврдење дека во тој момент пред неговиот стан се наоѓаат тројца соучесници подготвени да ги реализираат тие закани.
Инаку, втората сопруга на Даниел Кајмакоски, со која пејачот живее во Србија и има две деца даде прва изјава за српскиот медиум „Блиц“.
„Што да ви кажам, сите сме под стрес. Даниел сега е добро, закрепнува и е тука со нас, а што се однесува до целиот случај, поради истрагата не смееме ништо да зборуваме. Сè е пренасочено кон адвокатот и јас ги молам сите за разбирање“.
Прочитајте и Љубовната приказна на Марина и Даниел Кајмакоски: „Ја пропуштив првата шанса да се запознаам со него, ми беше срам да му пријдам“
С. С. | Црнобело
