Каратистката Пулексенија Јовановска го покажа дечкото - уживаат во Грција, позираат насмеани и прегрнати
- Детали
- вторник, 17 февруари 2026
Каратистката, која е една од најдобрите во историјата на овој спорт кај нас, но важи и за една од најубавите спортистки, е среќна и насмеана додека се прегрнува со саканиот, чие име не го открива.

Каратистката Пулексенија Јовановска, која ја претставуваше Македонија на Летната олимпијада во Токио во 2020 година, веќе не крие дека е заљубена и среќна.

Откако во изминатите месеци преку фотографии на Инстаграм Стори навести дека е во врска, таа сега објави фотки со саканиот од нивното патување во Грција.

Фотките се направени по Нова година, а Пулексенија во описот напиша дека направила избор на фотографии од јануари 2026 и ги наброја местата што ги посетиле, вклучувајќи го и Акропол во Атина.
Каратистката, која е една од најдобрите во историјата на овој спорт кај нас, но важи и за една од најубавите спортистки, е среќна и насмеана додека се прегрнува со дечкото.

Пријателите во коментари ѝ напишаа дека има „многу убавина на фотките“ и ја нарекоа „грација“.

Погледнете ги фотографиите:












А. Ј. | Црнобело