Синот на Едина Муса и Мачка наполни 1 година - Роденденско изненадување со балони и многу играчки за Максим
- Детали
- четврток, 19 февруари 2026
„Го чекаме господинот да стане“, напиша Едина, која објави фотка од нивното куче со роденденска хартиена капа, а фотографирана додека малиот Максим уште спие.

Синот на Едина Муса и Александар Димитровски - Мачка, денес полни 1 година.

Поранешната кошаркарка и фитнес тренер, не ја криеше возбудата и се потруди на Максим да му подготви вистинско изненадување.

Откако тој заспал ноќеска, Едина наредила балони и играчки пред неговата соба, на сите плишани играчки им ставила роденденски капи, па на фотката објавена на Инстаграм Стори напиша дека „ги брои часовите“ додека тој да стане.

Утрово Едина објави и фотографија од нивното куче со розово хартиено капче на главата, неколку балони расфрлани низ собата и еден балон заврзан на детски дрвен велосипед - подарок за роденденот.
„Го чекаме господинот да стане“, напиша Едина.

Гордата мајка објави фотка и од Максим, седнат на велосипедот што му го купиле.

За потсетување, брзо откако го роди синот, Едина се врати на вежбањето и за само неколку недели се врати во одлична форма.
Нејзиниот фокус сепак е Максим, па често покажува како го поминуваат времето заедно во игра или прошетки, а таа знае да го земе со себе и на некој кошаркарски натпревар и да напише дека ги наследил нејзините и гените од Мачка, бидејќи и двајцата активно играа кошарка.
Погледнете повеќе фотографии:
А. Ј. | Црнобело