Македонка покажа како родителите денес се однесуваат со наставниците: „Моето дете ќе има петка, ако не сакаш проблеми“
- Детали
- понеделник, 23 февруари 2026
„Што ако извади кец? Има да има петка. Ти знаеш ли која сум јас? Има да ве купам сосе школо“ - Македонка која стои зад инстаграм профилот „Баба Ружа и внуците“ преку видео го покажа (надмениот) однос на денешните родители со наставничките.

Инстаграм профилот на Баба Ружа и внуците, зад кој стои @stoj.ne од Струмица, веќе подолго време ги расположува и засмејува своите следбеници.
Преку реални ситуации од денешниот живот, споредени со времето од пред 30-40 години, „Баба Ружа“ на комичен начин ѝ се обраќа на публиката, а притоа се обидува да ги натера тие што ги гледаат видеата да се замислат за некои свои постапки или постапки на луѓето во нивната околина.

Нејзиното видео во кое покажува како родителите ги убедуваа децата да јадат во 1986, па 1996, 2006, и сега, во 2026 има над 1.3 милион прегледи и преку 10.000 лајкови.
Со последното видео, пак, таа прикажа како некогаш се однесувале родителите со наставниците, а како се однесуваат денес и колку се сменети вредностите и почитта кон наставникот.
Во видеото, Баба Ружа појаснува:
Некогаш:
„Во ред, професорке, ви благодарам, вие сте во право. Како ќе кажете. Ќе разговарам со моето дете... нема да се повтори.
Ви благодарам на разбирањето. Јас знам како со моето дете. Мрш пред мене!!!“
Сега:
„Ти ли си наставничката на моето дете?
Ама извади кец.
Што ако извади кец? Има да има петка. Ти знаеш ли која сум јас?
Ама скрши табла.
Скршила табла? Ма има да ве купам сосе школо. Дали ти е јасно?! Моето дете има да има петка. Ако сакаш да си немаш проблеми, ти нема да имаш проблеми со моето дете.
Сега ти ќе го напушташ часот како професорка, а јас ќе останам. Ајде. Така ли е, деца?“

Баба Ружа вели дека ова не се однесува на сите родители, ниту на сите наставници.
„Има уште чесни и посветени наставници, ќере. У наше време, друкше беше... Ама денес наместо почит, им даваат навреди и закани. (Не сите)
Ова видео е глас за нив. Оти без почит кон наставникот, нема ни ред, ни воспитување...“, пишува во описот на Инстаграм.
Кликнете и погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело