Соња (40) од Скопје е мајка која си го трансформираше телото: „Ослабев, но сега сум и поцврста и изгледам помладо“
Како фармацевт, свесна сум дека диетите со гладување можат да имаат сериозни несакани ефекти врз здравјето: забавен метаболизам, губење на мускулна маса, дефицит на витамини и минерали, проблеми со дигестивниот систем, психички стрес, зголемена продукција на 'хормонот на стрес' – кортизол.
Кај жени може да дојде и до нарушување на менструалниот циклус.
Промената на телесната композиција е повеќе од слабеење. Да, симнав 10 килограми за неколку месеци. Но уште поважно, го променив соодносот помеѓу масти и мускулна маса.

Телото се обликуваше, станав поцврста, пофункционална и поиздржлива. А најголемата трансформација не е само во огледалото, туку во чувството дека ја имаш повторно контролата врз сопственото тело.
Речиси сите почнуваат да вежбаат поради вишокот килограми. И јас почнав поради бројката на вагата.

Но вистинските придобивки ги почувствував подоцна. Подобар сон, повеќе енергија, подобро расположение, подобра кондиција.
Со редовно вежбање, не само што телото станува позатегнато, туку ликот изгледа посвежо и помладо.

Кожата има подобар тонус, држењето на телото е правилно, а самодовербата се гледа во начинот на кој чекориме.
Денес, 3 години подоцна, и понатаму вежбам. Најголема потврда дека овој пристап функционира е тоа што по 3 години редовно вежбање мојата форма и понатаму се подобрува.
Тоа не доаѓа преку ноќ, но ако си трпелив и доследен, таа постојано се подобрува.

Иако сум мајка и имам многу обврски успевам да се организирам и да одвојам време и за себе.
Научив дека времето одвоено за тренинг не е изгубено време, туку инвестиција во моето здравје и мојата енергија.

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
М. М. | Црнобело
