Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталната карта на сопругата“

Бракот си тече, ама нормално, доаѓа до некои недоразбиња.

Не доаѓа до неверство, ниту она, ниту јас некоја сум нашол па сум отишол, туку она што викаат политички - идеолошко карактерни разлики.

Во тоа време имаме два стана, еден во Аеродром, еден во Кисела Вода.

Во Кисела Вода работам со клиенти и имам клуб, имам школо за астрологија, а во тоа време работам и како новинар во весник.

Размислувам, ама малку притиснат и од неа, одам во непознато, под кирија. Замисли, од два стана - одиш под кирија.

А сум вложувал во нив, таа не беше толку финансиски моќна, иако имаше родители кои 50 години работеле во Германија.

Во бракоразводната парница, ќерката Венера ми рече дека имам одврзани раце, само да ја кажам вистината.

Таму реков дека ќе ги земам (децата) и дека не треба алиментација. Парничарките и судијката се чудеа“, раскажува астрологот.

astrologot-zoran-krstevki-stanav-samohran-tatko-koga-decata-imaa-3-i-6-godini-se-vidov-vo-natalnata-karta-na-soprugata-04_copy.jpg

Лазаров го прашува зошто се чуделе, дали затоа што децата остануваат со мајката, на што Зоран му одговара:

„Не е правило дека таткото треба да ги земе децата. Второ, ретко кој се откажува од алиментација.

А реално и не треба неа да ја оптоварувам, она не е виновна за многу работи.

Од овие таму не сме добиле финансиска поддршка, скоро во ништо. Ова за децата зборам.

Мене не треба ништо да ми дадат. Неа ја ослободувам, зашто оправдано треба да ја ослободам.

Во случајов влегувам под кирија, а знаеш ли што значи од старт да бидеш -20.000 денари?

Треба за децата да обезбедиш, треба тотално да се реорганизираш. Децата во тоа време имаа 3 години и 6 години.

Во тоа време ме чека и магистратура, треба да сум послободен за да ги завршам обврските.

Ме чекаа деца кои треба да ги носам во градинка, забавиште. Поддршка немам којзнае каква, освен мајка ми.

Мојата жена во тој момент не беше способна да одговори на задачите, така беа поставени работите, така се договоривме, иако кога сакаше можеше да ги гледа децата, да ги земе.

Во тоа време имав една партнерка која ми помагаше околу децата, се наоѓаше.

astrologot-zoran-krstevki-stanav-samohran-tatko-koga-decata-imaa-3-i-6-godini-se-vidov-vo-natalnata-karta-na-soprugata-06.jpg

Ако ти кажам дека тој период беше најдобриот во мојот живот... прво си со децата, второ си играш, сакаат да се смеат, се забавуваш, едното тука, другото тука. Не е голем стан, ама има топлина.

Затоа мора да оддадам признание на сите кои биле самохрани родители.

Тој товар е многу голем, голема е и одговорноста.

Неопходна е Божја помош, здрав ум и финансиска сигурност за надминување на егзистенцијалната неизвесност.

Точно е дека стартуваш од нула, но играш на карта афирмативно - ти си со децата, имаш цел.

И ретко кој знаел за овие работи, некои блиски, еден професор, некои братучеди. Никој не знаел“.

Погледнете го целиот разговор во видеото: 

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Eдина Муса блеска на море, Моника Црнокрак во елегантно издание со дечкото: Што прават македонските ... Eдина Муса е пресреќна во улогата на мајка и себеси се нарекува „мама Дина“, дод...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
По скандалот со фудбалерите, осуда и стихови за убавата Битола: „Неа да ја засакаш и во неа лудо да ... „Еднаш од сабајле да излезиш, кафе на тој сокак волшебен да испиеш, ќе те магепс...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg