Астрологот Зоран Крстевски: „Станав самохран татко кога децата имаа 3 и 6 години, се видов во наталната карта на сопругата“
- Детали
- вторник, 24 февруари 2026
„Кога седнавме да ѝ ја направам наталната карта, се видов себеси во неа. Анализираш и се гледаш таму, има некое навестување за љубовна врска. И точно гледаш дека има проблем, дека ќе се јави во иднина. Но, некако се наместија коцките и после некое време се земавме“, раскажува Зоран Крстевски за почетокот на пропаднатиот брак во подкастот на Стефан Лазаров.

Зоран Крстевски и еден од најпознатите астролози кај нас, човекот кој напишал многу книги и кај кого многу луѓе одат за да им изработи натална карта, да им даде некое толкување на животот (или кога се во потрага по одговор на некое важно животно прашање).
Тој беше гостин во подкастот на Стефан Лазаров, и освен за кариерата како новинар, радио-водител, предавач на факултет и астролог, зборуваше и за приватниот живот.
Крстевски првпат јавно раскажа за пропаднатиот брак, а откри и дека е самохран татко на две прекрасни девојчиња - Венера и Јулија.
„Судбината така сакала, или јас така сум определил“, вели Крстевски на констатацијата на Лазаров дека е самохран родител и дека ова е тема за која тој не зборувал јавно.
По ова, Стефан го прашува: „Како некој што може да ја предвиди судбината, не можел да предвиди дека ќе има лош брак?“

„Тоа е точно така. Да знаеш дека ќе постои тој брак. Тоа е фасцинантно. Некогаш постои карма, постои судбина, која ни е запишана.
Ова никој не го знае. Играв натпревар за Металург и после натпреварот треба да се сретнам со девојка за да ѝ правам натална карта. Мој другар ми вика: „Суки, со оваа не можеш ништо да направиш“, мислејќи на тоа дека девојката е убава.
Кога седнавме во кафич за да ѝ ја направам наталната карта, ти се верува дека се видов себеси во неа?
Ти анализираш и ти се гледаш во наталната карта. Има некое навестување дека може да имаш некоја љубовна врска, ама не одиш ти со таа намера, ниту имаш потреба така да гледаш.
Ти ја анализираш картата, анализираш, интуиција ли е, ти се местат ли некои коцки.
И точно дека гледаш дека има проблем, дека ќе се јави, гледаш некои аспекти. Ама, додека гледав, си викам - ако ништо друго, ѝ стои успешен маж.
И така некако се наместија коцките, силата на природата ги спои работите и на крај се вклопија.

Почнува комуникација, подоцна ѝ кажувам работи да внимава да не се случат - се случуваат. На пример, се случи да се зачнат близнаци машки, ама има лош аспект.
И мене во наталната карта ми има близнаци во полето на деца, ама владетел на петто поле во осмо поле, кое е поле на смрт, на ризик, на опасност.
Плус има еден многу опасен квадрат - Сатурн со Венера, доаѓа кај нејзината натална карта.
Значи преопасен е. Зачнати деца, ти и кажуваш, таа поминува на некој пешачки, некоја лудача наместо да застане не застанува, ја удира, по некое време побацува и со едното и со другото.
И се манифестира тој аспект судбински. Гледаш колку е можна судбината.
После некое време ние се земаме и меѓу другото, мене ми стои во седмо поле Венера во Рак.
Петто поле е прво дете, седмо дете е второ дете. Прво нели близнаците, по што се раѓа девојче во знакот на Рак.
И ќерката се вика Венера. Второто наше дете што се роди, се раѓа на 1 јули, таа е Јулија. И таа е Рак.

