Каролина пее, Цеца ја гледа со восхит: „Во Македонија не прифаќаме сè, кај нас немаме пејачка што не знае да пее“
- Детали
- четврток, 26 февруари 2026
„Во Македонија не поминува нешто само затоа што е мода, ние во Македонија, можеби сме мали, но секогаш велам дека сме пребирливи за музика. На пример мора да кажам дека не значи секој кој ја полни Арена, дека и кај нас би успеал да наполни концертна сала“, вели Каролина Гочева, која е еден од нашите најголеми музички таленти и уште на 13 години се појави на насловната страница на „Екран“.

Каролина Гочева гостуваше во шоуто на Цеца, која во оваа емисија покани уште тројца Македонци и тоа Никола Станишиќ од Волково, кому таа му беше ментор и кој победи во „Ѕвездите на Гранд“, нашиот Мики Секуловски, како и музичарот Иван Милевски.

Каролина, во „Шоуто на Цеца“ за музикалноста на Македонците вели:
„Во Македонија не поминува нешто само затоа што е мода, ние во Македонија, можеби сме мали, но секогаш велам дека сме пребирливи.
Музикални сме и не прифаќаме сè, односно публиката во Македонија не прифаќа секого.

На пример мора да кажам дека не значи секој кој ја полни Арена, дека и кај нас би успеал да наполни концертна сала.
Ние сме мали, но сме пребирливи, сакаме да слушнеме добра музика.

Кај нас и понатаму се цени да излезе некој на сцена и навистина да отпее добро. Кај нас и понатаму тоа е на прво место.
Мислам супер и сценски настап и сето тоа, но мора да знаеш да пееш. Кај нас немаме ниту една пејачка, ниту од младите, ниту од старите која лошо пее, или која не пее барем пристојно“.

На ова Цеца додава:
„Секоја чест!
Но, вие навистина пеете шиете (се мисли пеете одлично)“.

Кликнете на видеото со изјавата:
Уште во најавата за емисијата на телевизија Блиц, во која гостуваше Каролина, се гледа како Цеца ја гледа со восхит Каролина, додека нашата дива пее.


