„Два животи згаснаа“ - Се огласи сопругата на Андреј по смртта на мајката и девојчето (6), фан на ДНК - пеела со нив, а ние плачеме
- Детали
- вторник, 03 март 2026
„Ивана ми беше колешка и ја познавав лично...“, се огласи Наталија, сопругата на Андреј од ДНК, по трагичната смрт на мајката со дете вчера во Тафталиџе. Вирално се споделува видео каде ќерката на Ивана пее на сцена со ДНК. Солзите не се задржуваат... Македонија повторно потфрли и повторно изгуби многу!

Наталија, сопругата на Андреј од ДНК, сподели порака од Ивана, мајката која вчера (02.03) во општина Карпош трагично ја изгубивме, заедно со нејзината 6-годишна ќерка, и ја прокоментира трагичната ситуација.

Изгубивме мајка која трпела неправди...
Изгубивме девојче кое никогаш не згрешило никому. Девојче кое имаше иднина пред себе, но не повеќе. Девојче на кое само му требало љубов и заштита.

Повеќе го нема ова девојче, кое било и голем фан на ДНК.

Македонија е завиена во црно, а социјалните мрежи се преполни со револт по сознанијата дека овие два ангели наводно биле жртви на тортура и семејно насилство долги години.

Наталија откри дека Ивана всушност била нејзина колешка и напиша:
„Денес згаснаа уште два животи поради институционална неодговорност. Да не се повтори!
Најискрено сочувство до семејството на Ивана, ми беше колешка и ја познавав лично. Нека почиваат во мир“.

На Фејсбук профилот на мајката што ја изгубивме има снимка од нејзиното девојче како пее со ДНК на сцена.
Видеото вирално се споделува и буквално ги скрши срцата на цела Македонија:
С. С. | Црнобело