Траорни објави на Македонците по трагедијата: „Една мајка денес не се разбуди да го носи своето чедо во училиште“
- Детали
- среда, 04 март 2026
„Сериски убиец и силувач на жени, бремена жена малтретирана со месеци, сега мајка и ќерка си го одземаат животот како последица на семејно насилство....Од ЖЕНА РОДЕНИ, ЖЕНИ УБИВААТ! Македонијо, време е за аларм против овие злосторници и за нови закони“, порачува Бетика, а се огласија и Снеже Велков, Павле Камилоски и Сара Мејс.

Македонија не може да се соземе во трагедијата во Тафталиџе кога мајка и 6-годишно дете прерано нè напуштија.
Притисоци, тортура и семејно насилство ја довеле до работ оваа жена, која е само една од многуте жртви на семејно насилство кај нас.
За настанот се огласија и македонските познати личности, кои бараат промена на законите и заштита на жртвите.
Кои наши познати личности се огласија?
Снеже Велов
„Една мајка денес не се разбуди за да го разбуди своето чедо за во школо.
Не се разбуди ни тоа.
За разлика од претходно кога можеби само се преправаше дека и се затворени очињата…
Денес тие останаа затворени засекогаш.
Едно општество веќе долго време е заспано.
Ништо не го буди“.


Бетика, ледената Македонка
„Од ЖЕНА РОДЕНИ, ЖЕНИ УБИВААТ!
Танкица свирепо убиена со 40 ножни убоди
Емилија со години малтретирана свирепо убиена.
На Рамјана ѝ рекле - пак ли вие?
Ајде ќе се смирите...
Следно ја нашле мртва со повеќе убоди од нож.
Росица убиена дома од својот маж исто така со повеќе убоди.
Маријана пронајдена полугола во локва крв.
Сериски убиец и силувач на жени,
бремена жена малтретирана со месеци, завчера мајка и ќерка си го одземаат животот како последица на семејно насилство.
Ова се само дел од жртвите, а колку има што сè уште молчат во страв?!
Во Македонија нема официјална војна, но има официјален ФЕМИЦИД.
Фемицидот е крајна точка на насилство од институциите што со години било игнорирано.
Тоа е аларм што ѕвони предоцна.
Кога животот на жените станува статистика,
тогаш тоа е општествена вонредна состојба“.
