Каролина, Дац: Македонските познати личности се огласија по смртта на мајка со дете (6) во Тафталиџе во трагични околности

„Семејното насилство не започнува со модринка. Започнува со навреда, со понижување, со тишина што боли. Со „извини“ што премногу често се повторува. Љубовта не е страв. Љубовта не остава лузни ни на телото, ни на душата“, испраќа моќна порака Драган Спасов Дац по смртта на мајката со 6-годишно дете во Тафталиџе. Ана Јовковска алармира: „Македонија се наоѓа на трето место во Европа по стапката на фемициди!!!“

karolina-dac-makedonskite-poznati-lichnosti-se-oglasija-po-tragedijata-so-majka-i-dete-vo-skopje-01.jpg

Македонија не може да се соземе во вчерашната трагедија кога мајка и 6-годишно дете прерано нè напуштија.

Притисоци, тортура и семејно насилство ја довеле до работ оваа жена, која е само една од многуте жртви на семејно насилство кај нас.

За настанот се огласија и македонските познати личности, кои предупредуваат и против семејното насилство и за тоа колку е вртоглаво висока стапката на фемицид во Македонија.

Прочитајте и „Два животи згаснаа“ - Се огласи сопругата на Андреј по смртта на мајката и девојчето (6), фан на ДНК - пеела со нив, а ние плачеме

Кои наши познати личности се огласија?

Каролина Гочева

„Со кога ќе читаме вакви вести?!

Одговорност за сите кои замижале пред криците за помош на овие кутри мајка и дете! Длабоко сочувство до семејството...“

karolina-dac-makedonskite-poznati-lichnosti-se-oglasija-po-tragedijata-so-majka-i-dete-vo-skopje-05.jpg

Драган Спасов Дац

„Семејството треба да биде засолниште.
Место каде што зборот лечи, а не повредува.
Каде што рацете гушкаат, а не удираат.

Семејното насилство не започнува со модринка.
Започнува со навреда, со понижување, со тишина што боли.
Со „извини“ што премногу често се повторува.

Љубовта не е страв.
Љубовта не е контрола.
Љубовта не остава лузни ни на телото, ни на душата.

Да молчиш не значи дека си силен.
Да трпиш не значи дека е нормално.

Да побараш помош значи дека се сакаш себеси доволно за да ставиш крај.

Да ги учиме децата дека почитта е поважна од егото.
Дека разговорот е посилен од викот.
Дека домот е место на сигурност, а не на страв.

Ако некој страда немој да вртиш глава.
Понекогаш една порака „Добро ли си?“ може да спаси живот.

Насилството не е приватна работа.
Тоа е рана на целото општество.

И лекувањето започнува со храброст, мора да се каже „ДОСТА!"

karolina-dac-makedonskite-poznati-lichnosti-se-oglasija-po-tragedijata-so-majka-i-dete-vo-skopje-02_1.jpg

Ана Јовковска сподели анализа од македонски медиум и издвои:

„Македонија се наоѓа на трето место во Европа по стапката на фемициди!!!

Бројките се однесуваат на убиства извршени од интимни или поранешни партнери, што ги квалификува како фемициди или најекстремната форма на родово базирано насилство!!!

Oд 2019 до 2023 година се евидентирани околу 20 случаи на фемицид. Повеќето од жртвите се убиени од раката на сегашни или поранешни партнери или сопружници и тоа најчесто во нивните домови!!!

Во 2025 година, само во првите три месеци се евидентирани 391 нова жртва, од кои 284 биле жени, а 54 деца (податоци на Министерството за труд и социјална политика)!!!

Вистинската бројка е многу поголема! Многу жени не пријавуваат насилство поради страв од насилникот или недоверба во системот!!!“

karolina-dac-makedonskite-poznati-lichnosti-se-oglasija-po-tragedijata-so-majka-i-dete-vo-skopje-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Каролина Гочева на Сејшели со сопругот Михаил - романтични прошетки на рајскиот остров, чита книга н... „Летото нè повикува“ - напиша Каролина на видеото на Инстаграм Стори, снимено до...
Каролина Гочева издоминира со стајлинг од тантела во жирито на „Никад није касно“ (фото+видео) „Најголемиот сон си го остварив рано во животот – тоа е музиката“, вели Каролина...
Каролина со носталгија се сети на својата прва насловна: „Имав неполни 13 години, ме сликаа во куќат... „Мислев дека само мојата сакана баба Љупка имаше ваква архива“, напиша Каролина ...
Каролина Гочева (45) и Живкица Каленикова (47) блескаат во младешко издание, покрај нивниот пријател... Тие се прекрасни нашминкани од рацете на Дадар, но и блескаат со природна убавин...
Дац романтичен за роденденот на сопругата: „И уште десет животи да имам, сите би ги посакал со тебе“ Дац за саканата Весна вели дека чувствува љубов од која буквално ти се превртува...
Дац (62) не може да тргне поглед од сопругата - Ја гледа вљубено, страстно ја бакнува (видео) Додека со Александар Митевски ја пеат „Уште ми фалиш“, Дац ја прегрнува својата ...

Најчитани неделава