Дац романтичен за роденденот на сопругата: „И уште десет животи да имам, сите би ги посакал со тебе“
- Детали
- вторник, 07 април 2026
Дац за саканата Весна вели дека чувствува љубов од која буквално ти се превртува во стомакот. За неа вели: „Таа е целиот мој живот и таа е жената која точно се вклопи во моето сè“, а сега со уште поромантични зборови ѝ се обрати за роденденот.

Драган Спасов Дац е легендарен актер, пејач кој знае со стих да допре до душата на сите и вљубеник во перото кој сее емоции на хартија.
Години наназад негова најголема муза е неговата сакана сопруга Весна.

Денес (07.04) по повод нејзиниот роденден, тој со заедничка фотографија ѝ посвети емотивна објава:
„Среќен роденден на мојата животна сопатничка.
И уште десет животи да имам, сите би ги посакал со тебе. Со тебе секој ден е поинтересен од претходниот, а животот добива вистинска смисла — станува љубов“.
Дац и Весна се доказ дека годините не ѝ можат ништо на љубовта и дека љубовта од која ви се превртува во стомакот е можна во секоја доба од животот.

Во една пригода, за нивната љубовна приказна Дац за CRNOBELO.com изјави:
„Не знам точно кога се сретнавме со Весна, дали тогаш кога срамежливо го сокри погледот кога јас не можев да го сокријам мојот, или некогаш многу години пред тоа, навистина не знам.
Знам дека таа е целиот мој живот и таа е жената која точно се вклопи во моето сè.
Љубов, огромна љубов е во прашање, а тоа е единствениот рецепт за среќа и успешен брак.
А за тоа колку сме заедно, стварно не знам. Убавината не се брои, и впрочем што се годините во споредба со вечноста...“

Џина Папас Џокси, Драган Спасов Дац и Александар Митевски ја претставија новата верзија на легендарната песна „На Велигден сум се заљубил“:
youtube.com/watch?v=upBDLjSxQGc&source_ve_path=OTY3MTQ&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fwww.crnobelo.com%2F
С. С. | Црнобело