„Не беше ова место за тебе, срце планина, неизмерно ќе ми фалиш“ – Тамара и Каролина емотивно се збогуваат од Панчо

„Не беше овој свет за тебе, не е ова место за луѓе со премногу љубов, добрина и талент“ – стои во дел од пораката на Тамара, а Каролина напиша: „Пане мој, другар и брат, срце планина, неизмерно ќе ми фалиш“.

ne-beshe-ova-mesto-za-tebe-srce-planina-neizmerno-kje-mi-falish-tamara-i-karolina-emotivno-se-zboguvaat-od-pancho-01.jpg

Денес македонската јавност е потресена од веста за Владимир Блажев Панчо, кој не успеа да победи во животната битка и почина утрово. 

По речиси 7 месеци поминати во болница, тој им подлегна на повредите и изгорениците од кобната трагедија која се случи во дискотеката Пулс.

ne-beshe-ova-mesto-za-tebe-srce-planina-neizmerno-kje-mi-falish-tamara-i-karolina-emotivno-se-zboguvaat-od-pancho-02.jpg

На социјалните мрежи, неговите пријатели, колеги и познаници се збогуваат од него, споделуваат заеднички спомени и моменти и му оддават чест на големиот музичар и хуманитарец.

Неговите долгогодишни пријателки и колешки, Каролина Гочева и Тамара Тодевска, објавија заеднички фотографии со него и му упатија последен поздрав.

„Пане мој, другар и брат, срце планина, неизмерно ќе ми фалиш и секогаш ќе те сакам…“ - напиша Каролина.

„Не беше овој свет за тебе, не е ова место за луѓе со премногу љубов, добрина и талент. Ти од сѐ ова имаше во неизмерни количини и сакам да верувам дека одиш на подобро место.

Многу дружби, спомени, концерти, снимања...

Многу смеење, музика и емоции...

Горда сум што имав брат како тебе, другар за цел живот, колега кој знаеше да ме критикува, пофали советува...

Патувај мирно Џуџе.

Секогаш ќе те сакам“ - стои во пораката на Тамара. 

Прочитајте и „Мислев дека нема да се дадеш, се измори, сега пејте заедно“ - Пријателите и колегите се простуваат од Панчо

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каролина Гочева на Сејшели со сопругот Михаил - романтични прошетки на рајскиот остров, чита книга н... „Летото нè повикува“ - напиша Каролина на видеото на Инстаграм Стори, снимено до...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...
Тамара Тодевска навести дека дошол крај на љубовта со Лука: „Сингл мајка што се состанува одново“ Тамара Тодевска сними шеговито видео со кое најави дека дошол крај на љубовта со...
Теа Трајковска со емотивни зборови за Панчо: „Те знаев во срж и благодарна сум на секој наш момент и... „Да знаев дека волку ќе болиш еден ден, пак не би сменила ништо и би одбрала да ...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...

Најчитани неделава