Џокси, Дац и Александар со нова верзија на „На Велигден сум се заљубил“

Со огромна почит кон музичкото наследство и во духот на претстојните празници, Џина Папас Џокси, Драган Спасов Дац и Александар Митевски ја претставуваат новата верзија на легендарната песна „На Велигден сум се заљубил“.

djoksi-dac-i-aleksandar-so-nova-verzija-na-na-veligden-sum-se-zaljubil-godini-01.jpg

Оваа преработка доаѓа како музичка честитка за Велигденските празници, носејќи свежа енергија и современ звук, а притоа задржувајќи ја препознатливата емоција на оригиналот. Проектот е реализиран со многу внимание и љубов од креативниот тим, со цел песната повторно да допре до публиката – и кај постарите генерации, но и кај младата публика.

Идејата за соработка меѓу овие тројца уметници постоела со години, а токму овој празничен период бил вистинскиот момент таа да се реализира.

djoksi-dac-i-aleksandar-so-nova-verzija-na-na-veligden-sum-se-zaljubil-05.jpg

Во новата верзија, вокалите ги изведуваат Џокси, Александар Митевски и Дац, додека продукцијата ја потпишува Александар Митевски.

Дополнителната строфа е дело на Огнен Неделковски, со што песната добива нова димензија, но останува верна на својата оригинална емоција.

djoksi-dac-i-aleksandar-so-nova-verzija-na-na-veligden-sum-se-zaljubil-03.jpg

Оригиналната композиција „На Велигден (На Велигден сум се заљубил)“ датира од 1991 година и претставува авторско дело на Џина Папас Џокси, која ги потпишува и музиката и текстот.

Аранжманот на оригиналната верзија е на Тоше Попсимонов.

djoksi-dac-i-aleksandar-so-nova-verzija-na-na-veligden-sum-se-zaljubil-04.jpg

Промоцијата на новата верзија ќе кулминира вечерва на настанот „Градски приказни“, во Трибека Парк, каде Џокси ќе настапи како специјален гостин заедно со Дац и Александар. Публиката ќе има можност во живо да ја слушне оваа изведба, која веќе предизвикува голем интерес.

Новата верзија претставува спој на традицијата и современиот музички израз, со јасна порака – љубовта и музиката остануваат вечни вредности, особено во предвечерието на големиот христијански празник Велигден.

djoksi-dac-i-aleksandar-so-nova-verzija-na-na-veligden-sum-se-zaljubil-02.jpg

Видеото може да го погледнете на следниот линк:

Би можело да ве интересира:

Дупер ја отвораат летната сезоната со нова песна Бендот ДУПЕР ја објави својата најнова песна „Некажано“ која има потенцијален да...
Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...

Најчитани неделава