Траорни објави на Македонците по трагедијата: „Една мајка денес не се разбуди да го носи своето чедо во училиште“
Сара Мејс
„Не успеавме како општество, не успеавме како систем, не успеавме како луѓе…
Простете ни што се будиме, кога веќе ноќта паднала, простете ни што сме херои кога веќе војната завршила…
Аман веќе со бавните закони за семејно насилство, стоте опомени и другите смешни мерки кои нашиот закон ги предвидува.
Треба да се реагира ВЕДНАШ кога ќе биде пријавен случај! Ако маж тепа жена, треба ВЕДНАШ, АМА ВЕДНАШ да оди во затвор!
Или ќе чекаме да ја утепа?! СМЕНЕТЕ ГО ЗАКОНОТ АМАН ВЕЌЕ!!!
Душава ми е на сто парчиња… Сочувство до семејството…
Почивајте во мир, изнемоштени душички…
Ви должиме сите инволвирани неажурни работници и директни виновници да отидат онаму каде што им е местото - затвор!
За Вас, а богами и за нас, да не се повтори никогаш!!!“



Павле Камилоски
„Жените, а особено децата се столбовите и иднината на секој свет и треба да имаат највисок степен на грижа и приоритет во едно нормално општество!“


Прочитајте и Каролина, Дац: Македонските познати личности се огласија по смртта на мајка со дете (6) во Тафталиџе во трагични околности
С. С. | Црнобело