Ивона Јо благодарна за сопругот: „ Боже милостив си и даваш убавини кога ти знаеш дека е време“
- Детали
- четврток, 05 март 2026
„Тој шеташе со објективот низ Охрид и ме фотографираше - ми покажуваше како ме гледа низ него“, вели Ивона Јо за сопругот и посочува на тоа дека ја натерал низ неговите очи да се вљуби одново во себеси.

Пејачката Ивона Јо (29) и нејзиниот сакан Кристијан Тодоров (25) се венчаа на крајот од февруари, а сега парот уживаше на патување во Охрид.

Ивона изгледа пресреќно, а нејзиниот сакан ја фотографира на секој чекор.

Ивона објави низа фотки оттаму и напиша:
„Движев тој викенд во Охрид слободно. А тој шеташе со објективот и ми покажуваше како ме гледа низ него.

Благодарам Боже што си милостив и што даваш убавини кога ти знаеш дека е време“.


Инаку за својот избраник, Ивона во една пригода во интервју за CRNOBELO.com изјави:
„Најлесното Да во мојот живот дефинитивно го кажав на човекот кој од прва ми го освои срцето со сѐ што носи во себе.

Нашиот почеток е на социјалните мрежи - кога почнавме да комуницираме пријателски на најразлични теми кои нè опкружуваа.

