Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам од каде доаѓам“
- Детали
- петок, 06 март 2026
„Пораснав во с. Балинци. Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете се валкаат од работа, а срцето се полни од едноставни работи. Чист воздух, природа, животни, фамилија… работи што како дете ги земав здраво за готово. Денес пак бев на нива со моите. Собиравме зелка, се смеевме, работевме заедно…“, пишува Динев во својата искрена порака.

Нашиот најпопуларен тиктокер, Александар Динев, објави неколку семејни фотографии, направени на нива во селото Балинци, валандовско, каде што е роден и каде што го помина детството.
На фотките Динев вози трактор, помага да се собере зелката од нивата и тоа го прави со многу радост и елан, заедно со своите најблиски.

А на Фејсбук, покрај фотографиите, објави и силна порака со која допре многумина:
„Не ми се верува дека некогаш ми било срам да кажам дека сум дете од село.
Денес тоа е една од работите на кои сум најгорд.

Пораснав во Село Балинци.
Место каде што деновите почнуваат рано, каде што рацете се валкаат од работа, а срцето се полни од едноставни работи.
Чист воздух, природа, животни, фамилија… работи што како дете ги земав здраво за готово.
Дури кога заминав, сфатив колку вредат.

На 18 години направив храбар чекор и се преселив во Скопје.
Град што ми даде можности, искуства, нови луѓе и простор да растам како личност.

Тука научив многу работи.
Научив да сонувам поголемо, да грешам, да се борам и да станувам повторно.

Но колку повеќе време поминува… толку повеќе ми фали дома.
Затоа што колку и да одиш напред во животот, има едно место што секогаш останува дел од тебе.
Местото од каде што почнува твојата приказна.

Денес повторно бев на нива со моите.
Собиравме зелка, се смеевме, работевме заедно… и си помислив нешто.

Ако доаѓаш од мало место, тоа не значи дека си ограничен.
Напротив.
Тоа значи дека си пораснал со вредности што не се учат во книги: работа, трпение, благодарност и љубов кон семејството.

