Стефан Лазаров ќе стане татко, за CRNOBELO открива: „Дознавме во 7-ма недела“
- Детали
- недела, 08 март 2026
„Со Марта заедно се јавивме на нашите - требаше да ви ги снимиме реакциите за да ви доловиме. Сите почнаа да плачат од среќа. Ова ќе биде прво бебе во нашето семејство и веќе имаме чувство дека бабите многу ќе го разгалат“, вели за CRNOBELO.com Стефан Лазаров и откри детали за бременоста на сопругата.

Стефан Лазаров и неговата сопруга Марта ќе станат родители. Марта е во третиот месец од бременоста, а тој е пресреќен што ќе му се исполни долгогодишната желба да биде татко.
Стефан не ја крие возбудата што наскоро ќе има мал наследник или наследничка, па иако е рано, со сопругата веќе се договараат што ќе купуваат за бебето, како ќе ја уредат собата.
За CRNOBELO.com Стефан вели дека не може да опише какво чувство имал во моментот кога дознал за бременоста, а дека звукот на срцебиењето на бебето, кое веќе го слушнале, сака да го слуша повторно и повторно.

За тестот за бременост што го правеле заедно, кому прво му кажале и реакциите на најблиските, Стефан ни откри во разговорот:
„Марта е трет месец, а дознавме дека е бремена пред 7 недели.
По првите симптоми решивме да направиме тест и бевме присутни двајцата.
На првиот тест цртичката беше многу бледа и не бевме сигурни дали е позитивен, малку бевме во шок.
Колку што успеавме да прочитаме на ChatGPT во моментот (ха, ха) тоа е поради рана бременост.
Но, со вториот се потврдивме.
Кога дознавме бевме пресреќни свајцата. А јас... не знам... чудни емоции.
Искрено едвај чекав. Разговараме на оваа тема со месеци и Марта знае колку сакам да станам татко.
Едноставно, спремен сум за она што следи.

