Теодора од Скопје со евакуациски лет се врати од Дубаи: „Со две мали деца затворени во хотелска соба без играчки е предизвик“
- Детали
- вторник, 10 март 2026
„Информациите дека Дубаи ги покрива трошоците за престој - не се точни. Плаќавме сè сами. Тоа е само за оние кои не можат да си платат, па има специјална процедура. Инаку, по три одложени лета, на крај се вративме со евакуацискиот лет што беше организиран од нашата држава“, вели Теодора од Скопје, по семејниот одмор во Дубаи.

Tеодора од Скопје, по професија UI/UX дизајнер, со сопругот и двете деца неодамна се врати од Дубаи.
Таа ја обожава оваа дестинација и често ја посетува, а среде немилите настани се огласи оттаму, а се огласи и сега по пристигнувањето во Скопје со евакуацискиот лет.
Теодора на Инстаграм споделува како се чувствува по ова патување:
„Доме, слатки доме... Ќе ми требаат барем два дена да се одморам од одморот.
Се надевам дека ситуацијата брзо ќе се среди и дека Дубаи ќе се врати во нормала, затоа што навистина ова што се случува не го заслужува.

Иако целата ситуација беше навистина добро исконтролирана и организирана од страна на Емиратите, сепак не е баш пријатно да си таму, особено кога си со деца.
Имаше мерки на претпазливост и ограничување на движењето. А со две мали деца да бидеш затворен во хотелска соба без играчки е вистински предизвик.
Играта се сведуваше на пластични шишиња, шутирање влечки и три пати ѕвонење на еmеrgеnсу од страна на едниот син.

Имаше и два типа на реакции, луѓе кои ширеа многу негативност и луѓе кои веруваат во системот и безбедноста. Секој ја доживеа ситуацијата на свој начин и така ја споделува.
Луѓето кои беа сместени/живеат на JBR и околу Марината, каде што се под отворено небо, од нападите таму звуците се слушаа поинтензивно и нормално беше луѓето да беа поисплашени и испаничени.
Ние бевме на другата страна и не почувствувавме ништо од тоа.
Додека бевме таму, се изначитавме од медиумите кои драматично ги пренесуваат работите и колку невистини има човек да се изненади.

Имаше многу неточни информации и за Дубаи за нас кои бевме принудени да останеме таму, поради откажаните летови.
Плус, да кажам дека информациите дека Дубаи ги покрива трошоците за престој - не е точно.
Тоа правило е за оние кои навистина не можат да си ти покријат трошоците.

Дубаи не покрива ничии трошоци, единствено што беше регулирано е хотелите да мораат да ти го продолжат сместувањето по истата цена или подобра и не смеат да ти ја дадат собата на друг и да те избркаат.
За оние кои не можеа да си обезбедат сместување, си постои посебна процедура. Се пријавуваш во амбасада или центар за туризам не знам точно, па они ти обезбедуваат сместување и неопходна помош.
