Александар Динев ја покажа куќата во с. Балинци каде израснал: „Немавме тоалет внатре, многу сакав своја детска“
- Детали
- среда, 11 март 2026
Кога влегува во детската соба, каде што почнал да ги снима првите видеа за ТикТок, Александар не може да ги скрие емоциите. Тој вели: „Многу луѓе мислат дека доаѓам од богата фамилија, но вистината е дека Балинци е селото каде што јас израснав“.

Нашиот најпопуларен тиктокер, Александар Динев во последниве недели со многу емоции и носталгија зборува за своето детство во с. Балинци каде што израснал.
Тој неодамна рече дека како мал се срамел од фактот дека е растен на село, но денес се гордее со тоа и со фактот што, иако потекнува од мала средина, успеал во животот, а и допрва оди напред.

Па откако пред некое време покажа како им помагал на своите на нива, во собирањето зелки, сега реши да ја покаже и семејната куќа во која одамна не живее никој, а во која пораснал.
Тука почнал да ги снима своите први видеа и да сонува големи соништа кои денес му се реалност.
На крајот од видеото што го објави на Инстаграм тој вели дека внатре во куќата немале тоалет, но дека таа приказна ќе ја раскаже во следното видео.

Видеото почнува со слика на која Александар ги прегрнува своите баба и дедо, кои ги обожава, па почнува да раскажува:
„Многу луѓе мислат дека доаѓам од богата фамилија, но ова е вистината. Моментално се наоѓам во Балинци, а тоа е селото каде што јас израснав, па ајде да ти го покажам мојот стар дом.
Добредојдовте во мојот дом. Значи, прво, кога влагаме, тука се наоѓа спалната соба на моите родители, каде што спиеја они. Стандардни балкански прикривачи, мислам, хелоу.
Тука сега ставаме многу алишта што не ги користиме. Голем дел од алиштата ги дониравме“, вели тој.

Динев потоа ги покажува дневната соба, па кујната.
„Тука имам многу готвено. Фрижидерот е намерно оставен отворен за да не фати влага.
Овој дом не е ни веќе функционален, пошто многу работи се расипани и многу време не живееме тука.
Гледајте луѓе, знаете ли колку е тежок овој телевизор? Не сте свесни, видете колку е дебел.

Ајде да одиме во делот што сите чекаат да го видат, а тоа е мојата детска соба, којашто моментално изгледа како магацин...

