Александар Динев ја покажа куќата во с. Балинци каде израснал: „Немавме тоалет внатре, многу сакав своја детска“
Малку станувам емотивен сега, затоа што цело мое детство сум сакал да имам детска соба и моите успеаја да ја направат оваа детска соба кога имав, па што знам, 15 години, така нешто.
Многу си ја сакав, многу си ја ценев, цело време ја чистев со мерак.
Ова е една многу мала соба каде што живеело едно многу мало детенце со многу големи соништа.

Не ми се верува дека направив нешто од животот, не ми се верува дека постигнав толку многу работи и дека од 15 години го правам тоа што го сакам да го правам.
И морам да кажам дека едно нешто што не ми дозволи да се откажам е тоа што сакав да си докажам на себе дека иако доаѓам од мало место, јас можам да правам големи нешта.
Многу имам кеф, многу имам мерак да започнам свој бизнис, да имам свој продукт и тој продукт да го користат луѓе коишто ме сакаат и ме почитуваат и на коишто ќе им се допадне.

И некако таа ми е некоја неостварена желба што сакам да ја постигнам и мислам дека тоа е последниот чекор што ми фали за да си докажам целосно на себе дека сето она што сум сакал да го постигнам - можам.
Сето ова што го правам денес, го правам токму за оној малиот Александар којшто буквално во овие 4 ѕида правеше видеа, беше креативен, се забавуваше и објавуваше смешни видеа за другите луѓе да ги насмее и на другите луѓе да им биде убаво.

Сакам него да го направам горд. Сакам сето ова да го направам... за него.
Како што можете да забележите, амммм, немаше никаде тоалет, не би покажав, па, ајде и тоа да ви го покажам“, завршува Александар.

Видеото завршува со заматетна фотка од полски тоалет, а, ќе биде објавено наскоро.

Кликнете за да ја видите куќата во која израснал Динев:
Прочитајте и Александар Динев: „Некогаш ми беше срам да кажам дека сум дете од село, но никогаш нема да заборавам од каде доаѓам“
А. Ј. | Црнобело
