Скопјанец за случка во наше кафуле: „Дрска госпоѓа ми го расипа денот - каде бил келнерот, го чекала 15 минути“
- Детали
- четврток, 12 март 2026
„Само што седнаа две госпоѓи во скопско кафуле немаше ни минута, кога едната му се обрати дрско на келнерот - каде бил досега, 15 минути го чекала за нарачка!? Потоа, почнаа двете да „кокодакаат“, да навредуваат сè живо и диво - од комшика до пријателка, тетка, стрина, сопруг, па до покојна снаа...“, вели Наце Попов изнервиран од случка во Скопје.

Наце Попов од Скопје на својот Фејсбук профил сподели непријатна случка од скопско кафуле, кога две нерасположени и малку токсични, според него, госпоѓи му го расипале денот.
Среќавате ли и вие ваков тип на луѓе? Сте им ги чуле ли разговорите? Сте посведочиле ли на нивното дрско однесување и некултура кон луѓето од услужната дејност?

Објавата на Наце за случката што му го расипала денот:
„Седнав на едно кафенце во скопско кафуле, и така чекајќи за состанокот, уживајќи во пијачката и сонцето, во преубавото време забележав нешто што навистина не ми е јасно, па посакав да го споделам.
Имено, веднаш наспроти мене дојдоа две госпоѓи, (едната помлада, a другата на околу свои 60 години веројатно) и наеднаш само што ги слушнав како да почувствував дека времето се наоблачи, како да го снема сонцето, престанаа птиците да пеат, ја снема таа убавина, мир, спокој заради кои и седнав да уживам.
Само што седнаа, немаше ни минута, едната госпоѓа му се „испонаша“ дрско на келнерот како каде бил досега, 15 минути го чекала за нарачка!???
Веднаш откако уште по дрско му нарачаа, почнаа меѓу себе да „кокодакаат“, да навредуваат сè живо и диво - од комшика до пријателка, тетка, стрина, сопруг, бивша т.е покојна снаа...
Па, откако завршија со нив се префрлија да плукаат по Владата, градоначалникот, по Македонија, за да на крај завршат со Блискиот Исток, бензинските пумпи, Путин, Трамп, Нетанјаху, Хомеини…

Па, не знам навистина како издржав, веројатно зошто веќе бев договорен, па морав да чекам, а немав слушалки да си ставам на уши, па истрпев до крај.
Сега дома ми текна на сето тоа и си помислив, па добро бре мајку му, од каде толку отров носат некои луѓе во себе, толкава негативна енергија, од каде доаѓа тоа.
Им олеснува ли барем кога вака ќе се истурат на сè живо што ќе им се најде на пат и моментално во мислите, еве не знам...?!
