„Имам изедено 100 ќебапи во еден оброк“ – Бојан Стојков од „Идол“ е непрепознатлив, откако ослабе 20kg (фото)
- Детали
- петок, 13 март 2026
„Претходно бев гурман, а сега јадам од што морам и поминувам минимум 2 часа во теретана. Во минатото со другар имам изедено 100 ќебапи на еден оброк, заедно со уште неколку кременадли и нафора, а вино не спомнувам“ - признава Бојан, кој се прослави во Идол, а сега може да се пофали со неверојатна трансформација на телото и минус 20kg.

Бојан Стојков се прослави со учеството во „Музички Идол“ во Бугарија, а продолжи со својата соло музичка кариера, но се има впуштено и во актерските води.
Сега тој е дел од екипата на битолското кабаре како пејач и актер, но ја воодушеви јавноста и со својата трансформација на телото.
Пред да почне со слабеење имал близу 100kg, околу 95kg, сега има 73kg, а послаб во животот бил само во средно.
Тој гостуваше во емисијата на Снеже Велков, „Нешто конкретно“, каде заедно со готвачот Никола Мишковски и фитнес тренерот Ивица Јанев зборуваа за телесна трансформација.

Вели дека вежбал уште од младоста кога бил побуцкаст, па на периоди во животот одел во теретана, но никогаш како сега, да биде упорен да стигне до формата која што сака да си ја гледа во огледало.
„Готвам сам одамна, имам мерак за такво нешто. Се гледаше и по мене. Но сега ми е потреба храната, не ми е таква страст и јадам затоа што морам да јадам.
Претходно бев гурман. Уметник, гурман, алкохол, храна, мезе...“ – признава тој за годините кога не успевал да ослабе.
За да стигне до посакуваната форма за 7 месеци, вежбал по 2 часа во теретана, наутро кардио на гладно, а навечер тежински вежби.
На прашањето колку најмногу изеле пред да ослабат, Никола вели дека има изедено пола јагне, а Бојан признава дека има изедено 100 ќебапи.
„Имам многу изедено. Со еден другар, кога бевме помлади, изедовме по 100 ќебапи од човек и мислам уште неколку кременадли и неколку нафори имаше на масата.
Виното не го спомнувам, многу... Сме јаделе по не знам колку порции крилца...“ – признава Бојан.
Повеќе фотографии од Бојан откако се трансформираше:
Погледнете ја целата емисија:
Прочитајте и Шеф Никола за трансформацијата од -30kg: „Не можев да се тркалам со децата, ми сметаше и кога се наведнував да врзам патики“
М. М. | Црнобело