Сопругот на Антониа Гиговска прави склекови со пејачката на грб - Џокер ја одржува фит формата
- Детали
- сабота, 14 март 2026
На 25-тиот роденден на Антониа Гиговска, сопругот Џокер романтично ја запроси одново, а дека во нивното секојдневие не недостасува забава и дека се сакаат како и првиот ден, доказ е новото видео на кое Џокер прави склекови со Антониа на грб и се смеат до солзи.

Роберт Спасенцовски Џокер постојано работи на својот фит изглед, а вежбањето дома му е задолжително на неговата листа на активности.


Но, овој пат тој го засили тренингот, односно вежбаше со Антониа на својот грб.

Парот се снима и забавува, а на крајот од видеото што го објави Џокер на Инстаграм Стори тој ги покажува мускулите.


Неодамна, Антониа објави што добила од својот син Киан (2) по повод празникот 8 Март.

Кликнете на видеото:
Повеќе фотографии од нив:





