Тина Русева со искрена исповед: „Никогаш не сум била лигаво девојче - работам во McDonald's во Германија“

„Работам од свои 15-16 години константно и си работам до ден денес. Имам работено и во БајАрена - фудбалскиот стадион во градот Леверкузен - продавав пиво, сок, храна“, искрено вели еден од нашите најмоќни музички вокали Тина Русева и им дава одличен пример на младите.

tina-ruseva-so-iskrena-ispoved-nikogash-ne-sum-bila-ligavo-devojche-rabotam-vo-mcdonald-s-01.jpg

Тина Русева е родена и порасната во Струмица, но од 11-годишна возраст живее во Германија.

Таму завршила средно училиште, општа гимназија и, вели, да не бил натпреварот The Voice, каде што со една песна го маѓепса жирито, но и публиката, ќе се запишела на факултет, за да студира менаџмент.

Но, сега го живее својот сон музиката, но притоа не се срами од работа и во гостување во подкастот на Стефан Лазаров откри дека работи во McDonald's.

Тина Русева ги охрабрува сите млади да работат и ја споделува својата приказна:

„Моментално работам во McDonald's. Работам „mini job“. Тоа е еднаш неделно, одам како на испомош нешто.

tina-ruseva-so-iskrena-ispoved-nikogash-ne-sum-bila-ligavo-devojche-rabotam-vo-mcdonald-s-001.jpg

И искрено интересно ми е, затоа што ми е филтер од сè друго што го работам, а е поврзано со музика.

Имам еден ден во кој што ете работам нешто сосема различно од музиката. 

Нормално музиката ми е во прв план, но секогаш треба да се трудиме за повеќе.

Никогаш не сум била лигаво девојче, кое што ќе седи дома и ќе чека од својата фамилија. 

Планирам да вложувам во мене, во мојот глас, во сè што се случува моментално, така што за сето тоа потребни се финансии. 

Колку и да работам со музика, може да се надокнади секогаш.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Самохрана мајка на 3 деца од Скопје: „Добив термин за операција - првата мисла не ми беше за мене, т... „По операцијата сама се вратив дома. Со завои од канили, со преврски, со попатно...
Исповед на Македонка: „Се породив за 5 минути во болница во Берово и по неколку часа нè пуштија дома...  „Ги заспав децата, му кажав на сопругот да си одмори и тој, а јас дома, на...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Македонка со кадри од болница: „Доктор може да направи болката која трае 7 години да исчезне за 45 м... „Секоја година ми е потсетник низ што сè поминав... Бог ми е сведок колку сум бл...
Потресна сцена од Крива Паланка: „Стоеше 5-годишно девојче на студот, босо по влечки, беше ненаметли... „Денес пред маркет во Крива Паланка стоеше девојче од 5 години, помагаше со коли...
Љупка Митрова искрена: „Првиот маж беше љубоморен, не ми даваше да работам, млеко за децата тогаш ми... Откако на 20 години, само неколку месеци по раѓањето на ќерката, Љупка Митрова о...

Најчитани неделава