Тина Русева со искрена исповед: „Никогаш не сум била лигаво девојче - работам во McDonald's во Германија“
- Детали
- среда, 18 март 2026
„Работам од свои 15-16 години константно и си работам до ден денес. Имам работено и во БајАрена - фудбалскиот стадион во градот Леверкузен - продавав пиво, сок, храна“, искрено вели еден од нашите најмоќни музички вокали Тина Русева и им дава одличен пример на младите.

Тина Русева е родена и порасната во Струмица, но од 11-годишна возраст живее во Германија.
Таму завршила средно училиште, општа гимназија и, вели, да не бил натпреварот The Voice, каде што со една песна го маѓепса жирито, но и публиката, ќе се запишела на факултет, за да студира менаџмент.
Но, сега го живее својот сон музиката, но притоа не се срами од работа и во гостување во подкастот на Стефан Лазаров откри дека работи во McDonald's.
Тина Русева ги охрабрува сите млади да работат и ја споделува својата приказна:
„Моментално работам во McDonald's. Работам „mini job“. Тоа е еднаш неделно, одам како на испомош нешто.

И искрено интересно ми е, затоа што ми е филтер од сè друго што го работам, а е поврзано со музика.
Имам еден ден во кој што ете работам нешто сосема различно од музиката.
Нормално музиката ми е во прв план, но секогаш треба да се трудиме за повеќе.
Никогаш не сум била лигаво девојче, кое што ќе седи дома и ќе чека од својата фамилија.
Планирам да вложувам во мене, во мојот глас, во сè што се случува моментално, така што за сето тоа потребни се финансии.
Колку и да работам со музика, може да се надокнади секогаш.