Браво! Татковци од Македонија учат да плетат плетенки за своите ќерки - видео што топи срцa
- Детали
- четврток, 19 март 2026
„Ајде да бидеме искрени… не очекувавме татковци што прават плетенки. Ама ете ги. Со чешел во рака, со малку несигурност, со многу труд… и со уште повеќе љубов“, стои во описот на видеото кое ги слави татковците кои би направиле сè за своите малечки. Браво татковци, браво Македонијо!

Во Скопје се случи настан за поздрав, а меѓу низата активности имаше и татковци кои на перики учеа како да плетат плетенки за да им прават на своите ќерки.

Меѓу присутните татковци беше и актерот Јаков Спасов, синот на Дац, потоа логопедот Драган Даскаловски и низа други, кои сакаа да усовршат нова вештина во име на среќата на своите малечки.
Јаков Спасов
Драган Даскаловски
Настанот е организиран од платформата Штрк, која е гласот на модерното родителство, онлајн огласник за продавање опрема и облека за бебиња и деца од втора рака и место каде ќе најдете низа практични совети околу родителството.
На социјалните мрежи одговорните од оваа платформа за настанот, кој е за поздрав, напишаа:
„Ајде да бидеме искрени…
не очекувавме татковци што прават плетенки.
Ама ете ги.
Со чешел во рака,
со малку несигурност,
со многу труд…
и со уште повеќе љубов.
Некој прамен ќе избега,
некој ластик ќе се заплетка,
ама насмевката на ќерката?
Совршена секој пат.

Ова не беше за фризурите.
Ова беше за моментите што ќе ги паметат.
За татковците што не стојат на страна.
Туку влегуваат – и учат.
И од сега натаму – ќе ги гледаме повеќе.
Ќе ги бодриме погласно.
Ќе им кажуваме дека баш вака се гради блискост.

Затоа што на светот му треба повеќе вакви татковци.
Создадовме вечер што ни покажа колку малку треба за да направиш нешто големо.
И искрено…
Толку добро поминавме што сакаме да го правиме пак“.
Kликнете на видеото:
С. С. | Црнобело