„Ме земавте од аеродром и одевме во провод до наутро“ – Каролина за дружбите со „Фламингоси“, во гламурозно модно издание (видео)
- Детали
- четврток, 26 март 2026
„Сите сеќавања со Маринко ми се поврзани и со тебе Огњен. Ќе ме соберевте од аеродром и ќе отидевме некаде до наутро, такви беа проводите со вас. Секогаш се глупиравме, јас бев сериозна, ама вие од мене го вадевте најлошото (хахаха), многу се дружевме“ – вели Каролина во емисијата на Амиџиќ, во која повторно модно издоминира.

Во најновата епизода на Амиџи шоу, гостуваше и нашата Каролина Гочева, а емисијата беше посветена на прерано починатиот Маринко Маџгаљ, кој заедно со водителот Огњен Амиџиќ беше дел од популарното дуо „Фламингоси“.
„Се ближи денот кога нè напушти Маринко Маџгаљ пред 10 години, на 26 март.
Пред 10 години излезе и последната песна на Фламингоси и ова е моја желба, во оваа емисија да се сетиме на некои забавни моменти и анегдоти поврзани со него, без патетики и тажни приказни“ – рече Огњен во најавата.
Тој зборуваше за својот пријател, покажуваше инсерти од снимања, гостите споделуваа интересни приказни со него, а и нашата Каролина се потсети на дружбите со Маринко и Огњен, во периодот кога снимија и заеднички дует.

„Сите сеќавања за него ми се поврзани и за тебе, секогаш бевте заедно. Секогаш имаше некаков провод. Ќе ме соберевте од аеродром и ќе отидевме некаде до наутро, секогаш беа такви проводи со вас.

Секогаш беше забавно, секогаш се глупиравме. Јас бев сериозна, но вие од мене го извлекувавте најлошото (хаха), баш се забавувавме.
И во Скопје доаѓавте, бев тогаш тазе шофер, па ве возев по градот. Многу се дружевме“ – вели таа, а Огњен потврди дека секогаш им било забавно со неа, иако биле скептични и мислеле дека ќе биде сериозна и приватно.

Во текот на емисијата Каролина и Огњен го отпеаја нивниот заеднички хит „Ti I Ja“, а Каролина извонредно ја испеа и српската верзија на нејзината песна „Крај“.

„Последниве две години во сите емисии кај вас ми кажуваат дека сум исчезнала.
Еве ме сега, исчезнав затоа што последните 3 албуми што ги издадов 3 се на македонски, но не поп музика, два беа етно, што не беше комерцијално за овде.
Сега спремам поп албум, како порано, на македонски и на српски и планирам да се вратам со овој проект“ – открива нашата пејачка.

Во емисијата беше и премиерата на новата песна на „Фламингоси“, која Огњен ја посвети на Маринко, а во спотот за „Zbog nje“ се појавува и Каролина.
Каролина инаку повторно модно издоминира, во целосна црна комбинација од проѕирен материјал со тантела и воодушеви со својот изглед.



Погледнете ја целата емисија:
M. M. | Црнобело