Мајка на дете со аутизам од Скопје: „Боли сине, кога те гледам како зборуваш со своите имагинарни пријатели балоните“
Но тогаш, низ тие солзи, ти сфати нешто големо, дека јас сум твојата заштита на земјата, а Бог е твојата заштита на небото.
Им дадовме книги, сине. Им пишувавме текстови, ги молевме да прочитаат, да сфатат, да почувствуваат. Им говоревме со душата на хартија.
Благодарна сум им на оние градови кои ги отворија вратите и нè повикаа со љубов. Но, им благодарам и на оние кои нè напаѓаа, бидејќи тие ни покажаа колку е голема нашата сила.
Никој не беше тука кога беше најтешко. Ниту за тебе, ниту за мене.
А оваа година, останавме и без таа единствена поддршка, без нашиот столб.

И повторно велам: Прости ми, Господе… прости им и на другите. Денес е Ден на аутизмот. Утре се навршуваат четири месеци откако згасна животот на дедо ти.
Денес сите ќе го величаат овој ден, ќе се сликаат и ќе зборуваат во име на „сините“. Но, јас ја знам вистината. Ја знам твојата тишина.
Ја знам твојата болка од операциите и твојата борба да не ги перципираш туѓите осуди. Ја знам твојата сила.
И затоа, уште еднаш ти се поклонувам, сине. Ти си мојот херој“.
С. С. | Црнобело