Новинарката Александра Спировска за 74-иот роденден на мајка си: „Мамо, се плашам од свет во кој те нема тебе“
- Детали
- понеделник, 06 април 2026
„Мамо, го ценам секое твое: ,Како си', Гладна ли си', ,Како помина на работа', ,Нека не допира до тебе тоа'...“, ѝ посвети емотивна објава на мајка си Александра и ги потсети сите кои ги имаат своите мајки до себе да бидат благодарни за тоа, како што е таа.

Новинарката Александра Спировска на крајот од март го прослави 74-иот роденден на мајка си и заедно ги дувнаа свеќичките на тортата.

Александра во емотивна објава откри колку значајна ѝ е мајка ѝ во нејзиниот живот. Плус, сподели и фотографија од детството на која се гледа од кого ја наследила убавината.

Инаку, и самата таа е мајка на 3 деца. Две ќерки од бракот со Пере од Нокаут, еден син од вториот брак, а сега таа трет пат ѝ даде шанса на љубовта и стапи во брак со кошаркарот Милан Димитриески.


Емотивната објава за мајка ѝ:
„Мамо..
Сакам да знаеш колку многу сум среќна што те имам, што секој ден можам да те гушнам, да ти кажам колку те сакам, да ти се јавам (да те слушам како п*уеш колку кочат и не чинат мобилните и што убаво било порано без нив).
Сакам да ти се заблагодарам за сè што сум денес.
Го ценам секое твое ,Како си', Гладна ли си', ,Како помина на работа', ,Нека не допира до тебе тоа'..
Признавам... Се плашам од свет во кој те нема тебе...
Посакувам да си тука уште многу години, зошто јас без тебе не сум цела“.
Уште една фотографија од мајка ѝ во младоста и неа:


С. С. | Црнобело