Диџеј Мац на патување во бајковитата Словенија со синот Петар (1) и сопругата, што ја запроси на уникатен начин
- Детали
- среда, 08 април 2026
„Дефинитивно Словенија е преубава! Со чистиот воздух и преубавата енергија низ Љубљана“, напиша диџеј Мац и сподели семејни фотки оттаму. Тој во 2022-ра ја запроси саканата Татјана на уникатен начин, а во февруари годинава го прославија 1-иот роденден на Петар.

Диџеј Мац, односно Марјан Мац Петровски, на уникатен начин ја запроси саканата Татјана во октомври 2022, се ожени во август 2023 со неа, а на 24-ти февруари 2025 се реализираше и во улогата на татко.

Нивниот син Петар сега има една година, а заедно беа на семејно патување во Словенија.


Тој сподели бајковити кадри од прошетките таму.

На својот Инстаграм профил диџеј Мац напиша:
„Дефинитивно Словенија е преубава! Со чистиот воздух и преубавата енергија низ Љубљана.

4 дена преубави сончеви и топли со убави дестинации и супер луѓенца за дружбичка“.





